Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Земјотреси го стресоа Скопје и Лазарополе, Сеизмолошката опсерваторија излезе со совети за заштита

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Земјотреси го стресоа Скопје и Лазарополе, Сеизмолошката опсерваторија излезе со совети за заштита

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА СТРЕСОА МАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани доцна синоќа почувствуваа земјотрес кој бил со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала. Регистриран е околу 2 часот по полноќ со епицентар на 22 километри источно од Скопје. Неколку часа подоцна се тресеше и тлото на околината на Лазарополе.

Сеизмолошката опсерваторија објави кои мерки треба да се преземат во случај на земјотрес. 

Доколку во момент на потрес се наоѓате на отворен простор да се поместите подалеку од згради, бандери, високи дрвја и сè што може да падне. Ако се наоѓате во автомобил да го запрете возилото на крајот од патот и на отворен простор, да останете внатре со откопчан сигурносен појас. Грешка и ризик е доколку  се паркирате или да возите по мост или во тунел.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ НАПРАВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Спикерката во албанскиот парламент, Елиса Спиропали, за време на нејзината официјална посета на земјава на заедничката прес-конференција со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, изрази надеж дека Законот за јазиците ќе биде целосно имплементиран. Таа наведе дека одлуката на Уставниот суд, која ќе биде донесена по ова прашање, треба да биде во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор, кој го гарантира правото на употреба на јазиците на сите етнички заедници.

„Албанскиот јазик е суштински дел од нашиот идентитет. Неговата заштита е наш приоритет, а имплементацијата на Законот за јазиците треба да остане непречена. Се надеваме дека Уставниот суд ќе донесе одлука која ќе го почитува Охридскиот рамковен договор и правото на сите етнички заедници“, изјави Спиропали.

КРИТИКИ ЗА БУГАРИЈА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕСУДИ НА СУДОТ ВО СТРАЗБУР

Бугарија не ги спроведува одлуките на Стразбур за македонското малцинство уште од 2006 година. 

Бугарија е во врвот на државите на ЕУ кои имаат „многу сериозен проблем“ во имплементацијата на пресудите на Судот за човекови права, стои во најновиот извештај. 

Ова стои во извештајот објавен минатата недела од Democracy Reporting International (ДРИ), во соработка со Европската мрежа за имплементација (ЕИН), за земјите-членки на ЕУ во кој се вели дека  земјите-членки на ЕУ постојано не успеваат во целост да ги спроведат пресудите и од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и од Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ). 

ЌЕ ПОЕВТИНАТ НАД 70 ПРОИЗВОДИ

Од утре се замрзнуваат маржите на основните прехранбени производи. Во следните денови ќе има поевтинување на дел од намирниците. 

Стапува на сила владината одлука за ограничување на маржите до 10 отсто на повеќе од 70 производи. На рафтовите и фрижидерите каде стојат овие производи, трговците мора да стават етикети со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?

Орка Холдинг е купувачот на 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, кои минатата недела преку блок трансакција ги продаде компанијата „Софија градба“. 

Продолжуваат порастот на кредитното задолжување на граѓаните и на компаниите во земјава. Најновите податоци на Народната банка на Македонија откриваат дека во месец август има нов пораст на кредитното задолжување во споредба со претходниот месец. Стануба збор за мало зголемување на задолженсота, но покажува дека тенденцијата на раст на задолжувањето не запира.

Социјалните мрежи се составен дел од нашиот живот, имаат свои позитивни, но и негативни страни. Тие ни нудат многу корисни информации, се информираме за обуки, доедукација, вработување, но во исто време постојат и луѓе кои преку социјалните мрежи креираат некој имиџ за себе кој е нереален. 

Слично

Поврзани вести