ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затворена улицата која води кон гробот на Делчев, а Спасовски повика да покажеме национално единство
ЗАТВОРЕНА Е УЛИЦАТА САМОИЛОВА
МВР соопшти дека од денеска се воведува посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота, а улицата „Самоилова“ која минува долж тврдината Кале ќе биде затворена за сообраќај.
„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот“, објави МВР.ОНЛАЈН ПЕТИЦИЈА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ
Се појави онлајн-петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци што шират омраза. Оваа петиција се појави на страницата „Бугари од Македонија“.
Основач е Димче Јамандиев од Велес, бугарски и македонски државјанин.
„Ние од страницата „Бугари од Македонија“ ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат на нашата иницијатива. Одземање на бугарско државјанство, за луѓе кои стекнале државјанство од Република Македонија и денес навредуваат и шират омраза кон Бугарија“, стои во повикот за поддршка.ЗА МАЛКУ Е ИЗБЕГНАТА ТЕПАЧКА ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ
Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двера и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел.
Во исто време станаа и пратениците на СНС, кои исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа мешаница, која траеше околу 15 минути, во салата влезе и собраниското обезбедување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
