Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“

ЗАСТАРЕ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ГРУЕВСКИ ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“

На поранешниот премиер Никола Груевски на 4 октомври годинава му застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“. Груевски на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.

Според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.

ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Е ВО ЛОША СОСТОЈБА

Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија.

Неговиот адвокат Бојан Манев во изјава за РСЕ вели дека Видески во неконтактибилна состојба вчера утрото бил транспортиран од притвор на Клиниката.

ТОШКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРАТ АКО ИМА ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

ОШТЕТЕНА ИКОНА ВО ДРАЧЕВО И ОСТАВЕН КУРАН

Непознати сторители  викендов ја оштетиле иконата на Исус Христос, поставена на крстот кој се наоѓа во големиот парк во населбата Драчево, а до иконата оставиле примерок на Куранот. Верниците се револтирани и бараат најостра казна за вандалите.

Големиот крст во населбата Драчево е осветен пролетва, на верскиот празник Цветници. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија останува во чекалната на Европската Унија(ЕУ), додека Албанија продолжува по европскиот пат со отворање на првото поглавје.

АД ЕСМ минатата година за РЕК Битола потрошил неверојатни 260 милиони евра во текот на 2023, со што е доведено во прашање исплатливоста на работењето на рударско-енергетскиот комбинат. Разликата за една година е повеќе од 100 милиони евра. Отстапувањето од самиот годишен план било безмалку 80 милиони евра.

ОКТА и нејзниот доминантен сопственик од јули до сега во македонската економија вбризгаа над 11 милиони евра за да купат 13,5 отсто од сите акции на ОКТА – најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати.

Како што и налагаат законските прописи, Комерцијална банка го објави решението на Комисијата за хартии од вредност, откако се прогласи за неуспешна понудата за преземање на Стопанска банка Битола.

Генералното собрание на Обединетите нации одржан по 79. пат поминува во знакот на настаните на Блискиот исток. 

Слично

Поврзани вести