ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
ЗАСТАРЕ УШТЕ ЕДНО ДЕЛО НА ГРУЕВСКИ
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, веќе шест години се влече низ судските лавиринти, а следната недела ќе почне од почеток по дури 6-ти пат.
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и дека недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител.
„Јас ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов и тужба за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Поднесов и за премиерот, како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители, како институција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители“, изјави Ристоска.
Таа претходно побара и јавно извинување од премиерот Христијан Мицкоски поради навреди и дисквалификации.
Предметот за перење пари за кое ги гонат поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ на чело со екс премиерот Никола Груевски застарува дури во 2035 година и поради тоа обвинителката Ристоска вели дека нема да се откаже од гонење.ПРЕВИРАЊА ИМА ВО СДСМ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави дел од како што ги нарече „илјада токсични наслови“, што според него претставуваат организирана кампања за политички и личен линч, со цел да се дефокусира јавноста од корупциските скандали на актуелната власт.
Филипче истакна дека нападите врз него и партијата се засилиле паралелно со обелоденувањето на повеќе скандали, меѓу кои „мигранти за пари“, спорни тендери и злоупотреби во институциите.АГЕЛЕР СО ОТВОРЕНО ПИСМО ИМ СЕ ОБРАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ
Американската амбасадорка Анџела Агелер која ќе замине од Македонија, со отворено писмо им се обрати на граѓаните на Македонија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
