Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жарко Грозданоски е осомничен за убиството на 76 годишен човек во Охрид, мотивот бил користољубие

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жарко Грозданоски е осомничен за убиството на 76 годишен човек во Охрид, мотивот бил користољубие

ЖАРКО ГРОЗДАНОСКИ Е ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА 76 ГОДИШНИОТ ЧОВЕК ВО ОХРИД

Oбвинителството отвори истрага за убиство од користољубие во Охрид. 

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие убил едно лице. 

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“ БАРААТ ВРАЌАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛКАТА ТРАЈЧЕВА

Одлуката на Советот на јавни обвинители да не го продолжи мандатот на обвинителката Ивана Алексова-Трајчева, која повеќе од половина година работеше на предметот „Пулс“, создаде загриженост кај семејствата на жртвите, кои бараат ефикасност во постапката.

Велат дека континуитетот во ваков случај не е формалност, туку клучен предуслов за ефикасна постапка.

„Со промената на обвинителот, предметот преминува кај нов обвинител кој ќе треба од почеток да се запознае со теоријата на случајот, доказите и целокупната постапка. Ова носи реален ризик од дополнителни одложувања, пролонгирање на судските процеси и нарушување на континуитетот“, објаснуваат родителите.

ТРАМП РАЗМИСЛУВА ЗА НОВ МОДЕЛ ВО НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера ефикасно да ги повлече САД од НАТО затоа што сојузниците не му помогнаа при конфликтот со Иран. 

Објасни дека таквата одлука ќе им заштеди на САД стотици милиони долари што ги трошат за заштита на други земји.

Водителот го праша што смета дека е најголемата грешка на денешните светски лидери.

„Тие не се држат заедно. Мислам дека НАТО направи ужасна грешка. Кога не испратија ниту мала количина воена опрема, кога едноставно не признаа што правиме за светот со тоа што се спротивставивме на Иран. Никогаш не мислев дека е голем ризик, но војната е секогаш ризик“, одговори Трамп.

Повтори дека САД ја имаат најмоќната армија на светот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Лични лекции од постот и вистината – зошто успехот не е прашање на памет, туку на карактер и самоконтрола

Слично

Поврзани вести