Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жарко Грозданоски доби притвор од 30 дена и е однесен во охридскиот затвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жарко Грозданоски доби притвор од 30 дена и е однесен во охридскиот затвор

ЖАРКО ГРОЗДАНОСКИ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

Притвор од 30 дена доби Жaрко Грозданоски, oсомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид. Грозданоски беше изведен пред судија на претходна постапка во охридскиот суд кој ги прифатил околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Тој е пренесен во охридскиот затвор.

Грозданоски е осомничен дека на 25 месецов од користољубие го убил Митрески, со цел да го спречи да го раскине договорот за доживотна издршка, најпрвин вербално, па физички го нападнал во неговата куќа, а потоа и го задушил. 

АДВОКАТОТ НА ЖРТВАТА ГО КАЖА СВОЈОТ СТАВ

Адвокатот Војо Димоски, кој бил правен застапник на убиениот Климе Митрески oд Охрид, остро реагираше и посочува на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.

„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.

Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.

„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.

Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.

СИНОТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ СЕ ЖАЛИ НА ЛИНЧ

Божидар Грозданоски, синот на Жарко Грозданоски кој е осомничен за убиството на 76 годишен охриѓанец од користољубие, преку статус на социјалните мрежи тврди дека доживуваат медиумски линч. 

„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот ТАТКО, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што ја дал и животите кои ги спасил. Брвенчани и Тетовчани, а и Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, пишува тој. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ СПРЕМНИ ДА ЧЕКААТ СО ДЕЦЕНИИ, НО УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ПРЕДВИДЛИВОСТ НЕМА ДА ИМА

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема намера да ја втурне државата во политичка авантура и ново „мочуриште“ без цврсти гаранции од Европскиот совет и видливи придобивки за македонското малцинство во Бугарија.

На денешната прес-конференција во Охрид, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за европскиот пат на Македонија, рече оти актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес. Воедно, тој упати и остра критика за начинот на кој претходната влада ја водела надворешната политика прифаќајки го условот за внесување на бугарското малцинство во Уставот на земјава.

Слично

Поврзани вести