ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жан Митрев остана без пасош, а кичевчанецот кој беше сомнителен не е заразен со мајмунски сипаници
ЖАН МИТРЕВ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ
Одземен е пасошот на докторот Жан Митрев.
Ваква одлука донел судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство денеска го сослуша и побара мерка за обезбедување.
Обвинителството води истрага за измама на пациенти во приватна клиника.
Информираат дека по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.КИЧЕВЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ СОМНИТЕЛЕН НЕ Е ЗАРАЗЕН СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вечерва за МИА потврди дека кичевчанецот е негативен на мајмунски сипаници.
„Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор“, рече Мехмедовиќ.
Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.МАСАКР СЕ СЛУЧИ ВО ЦЕТИЊЕ
Владата на Црна Гора вечерва прогласи тридневна жалост поради големата трагедија што денеска се случи во Цетиње, каде маж уби 11 луѓе.
Оваа информација ја објави премиерот Дритан Абазовиќ на својот Телеграм канал. Во населбата Медовина во Цетиње, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Управата на полицијата на Црна Гора.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
