Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Законот за бранители ја „тресе“ владината коалиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Законот за бранители ја „тресе“ владината коалиција

ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ВНЕСЕ РАЗДОР ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА

Пораки за среќа им испрати премиерот Христијан Мицкоски на коалиционите партнери од „Вреди“ и на опозициската ДУИ, откако едните се заканија дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранителите, а другите најавија протести за укинувањето на балансерот. Пратеникот Халил Снопче во телевизиска емисија ја најави можноста да излезат од владејачката коалиција ако се укине Законот за употреба на јазиците и ако се донесе Законот за бранителите.

Премиерот беше со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на Ахмети, дека ќе протестираат доколку се укине балансерот.

НИКОЛА МЕМОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ПИОМ

Портпаролот на ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда.

ОД ДЕНЕСКА 73 ПРОИЗВОДИ СО ПОНИСКИ ЦЕНИ

Од денеска стапува на сила владината одлука за ограничување на маржите до 10 отсто на над 70 производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.

Одлуката официјално стапува на сила со датум 24 септември, а ќе трае до 31 октомври. На рафтовите и фрижидерите каде стојат овие производи, трговците мора да стават етикети со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Ова е листата на 73 основни прехранбени производи за кои надлежните очекуваат од денеска да поевтинат за околу 10 отсто.

ВЛАДАТА ГО УКИНА ОНЛАЈН КОЦКАЊЕТО

Владата денеска на редовна седница ги забрани онлајн игрите на среќа.Ова следи по собраниското толкување дека лиценца за тоа има само АД Државна лотарија.

„Ме радува што од денеска со Одлука на Владата во оваа држава се забранува и казнува онлајн коцкањето. Единствените кои не се согласуваат со оваа одлука се некои поранешни функционери на ДУИ кои изградија империја во коцкањето, давајќи дозвола за такви активности на српски или црногорски компании“, објави министерот за здравство Арбен Таравари на Фејсбук.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од 1.500 денари до 2.000 или 2.200 денари се движат дневниците во Преспа за берба на јаболка. Некои од овоштарите на работниците им нудат сместување и три оброци дневно и тоа ја одредува висината на дневницата. 

Акциите кои ги поседува најголемиот акционер во ЗК „Пелагонија“ сменија два сопственици во само две седмици. Вчера нив ги продаде и „Орка Холдинг“ откако ги купи пред неполни две седмици од нејзината фирма-ќерка „Софија градба“. Каде сега завшрија тие акции ќе знаеме идниот понеделник

Директорот на „Аутомакедонија“, Игор Илиевски, купил 400 акции од компанијата со која раководи. 

Пропадна обидот за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка. 

Чуварот на заштедите на граѓаните кои се наоѓаат во банките, а тоа е Фондот за осигурување на депозити, оваа година ќе биде побогат за осум и пол милиони евра од тоа што било планирано пред да започне оваа 2024 година.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести