Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Законот за амнестија стигна во Собранието по скратена постапка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Законот за амнестија стигна во Собранието по скратена постапка

ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА СТИГНА ВО СОБРАНИЕТО

Од Собранието информираа дека го добиле Законот за амнестија од Владата, како и дека тој ќе оди по скратена постапка. 

„Претседателот на Собранието го достави Законот до пратениците. Законот е по скратена постапка“, информираат од Собранието. 

Во врска со овој Закон се појави разногласие и во Владата, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не е потребна амнестија на голем број затвореници, бидејќи тие повторно прават кривични дела и повторно се враќаат во затворите.

Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

28 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ

Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СЕ ГРИЖАТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто за околу година и половина, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Тренчевска во телевизиско гостување зборуваше за растот на пензиите согласно новата методологија. Порача дека пензиите ќе се исплаќаат секој први во месецот, како и дека пензискиот систем е стабилен.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Операторот МЕМО го суспендира Блесм Поуер Плус од пазарот на електрична енергија до крајот на годината со одлука донесена во петокот. Станува збор за контроверзна фирма која два пати го менуваше името во текот на енергетската криза и остануваше должна во милионски суми кај АД МЕПСО откако два пати влечеше струја од системските резерви а потоа не ги плаќаше фактурите.

Со исклучок на главниот град и неколку други поголеми градови во Македонија, во малите места иако кириите се евтини, луѓето мака мачат да најдат потстанари.

Оставката која ја поднел ќе му ја разгледуваат денеска, и се очекува да биде и прифатена, но тој отвора своја компанија, каде што ќе се испроба во приватниот бизнис.

Кој ќе седне во жешкото столче на Управата за финансиска полиција? По големиот скандал кој изби меѓу, сега веќе поранешната обвинителка Вилма Рускоска и тогашниот директор на финансиска полиција, Арафат Муареми, кој од средината на август веќе не ја раководи инситуцијата, Владата деновиве објави оглас во кој посочи дека ќе именува директор на Управата.

Слично

Поврзани вести