Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Закажан е протест пред МВР по убиството на Росица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Закажан е протест пред МВР по убиството на Росица

ЗАКАЖАН Е ПРОТЕСТ ПО УБИСТВОТО НА РОСИЦА

Хелсиншки комитет за утре со почеток во 17:30 часот закажа протест пред главниот влез на МВР и блокада кај Жена Парк Борец во 18:00 часот, по убиството на Росица Коцева од Велес и првичните индиции дека полицијата најверојатно не постапувала ажурно во нејзиниот случај иако таа ги пријавувала заканите и нападите.

„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!

OСУДИ ЗА УБИСТВОТО И БАРАЊЕ ЗА ОДГОВОРНОСТ

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска го изрази револтот по свирепото убиство на 31-годишната девојка од Велес и нејзиниот татко. Таа пишува дека тие не се жртви само на еден убиец туку на сите кои не постапиле по пријавите за малтретирање и насилство.

„Росица со месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Повторувала повици до институциите да ја заштитат. Наместо заштита добила игнорирање. Наместо санкција насилникот останал слободен. Резултатот? Убиена е Росица. Убиен е и нејзиниот татко“, напиша пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на социјалните мрежи.

Додава дека виновни се и сите што премолчеле, одбиле да реагираат или свртеле глава. 

Таа пишува дека ова убиство не е изолиран инцидент туку повторување на трагичен образец во кој не потфрла системот, туку луѓето кои избирале да не го спроведуваат.

НАДЛЕЖНИТЕ ТВРДАТ ДЕКА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ТРУБАРЕВО Е ВО НОРМАЛА

Од ресорното министерство тврдат дека квалитетот на воздухот во Трубарево е во рамки на дозволените граници.

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.

Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Идентификувани се отприлика 20-тина лица за кои постојат сомневања дека стојат зад овој процес“ - Ова беше вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Јегуновце, прашан за пожарите и за неговите ставови дека зад нив стојат центри на моќ во и надвор од Македонија. 

Компаниите ќе вработуваат општи работници, чистачки, келнери, магационери, возачи, ама и програмери и инженери. Последната анкета на Агенцијата за вработување открива дека годинава компаниите треба да вработат над 13 илјади граѓани.

Јавно-приватното партнерство на државата со турската компанија Фидес Сун Енерџи за изградба на фотоволтаични централи, потпишано минатата година, е пред распаѓање. 

Веста за желбата на Македонија да увезува отпад од Европската Унија не е нова - датира од февруари годинава, кога земјава во друштво на 23 други земји побара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад: метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло. 

Слично

Поврзани вести