Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Зајкова завери изјава на нотар дека нема двојно државјанство, ги повика и колегите да го сторат тоа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Зајкова завери изјава на нотар дека нема двојно државјанство, ги повика и колегите да го сторат тоа

ЗАЈКОВА ГИ ПОВИКА КОЛЕГИТЕ ДА ЗАВЕРАТ ИЗЈАВА КАЈ НОТАР ДЕКА НЕМААТ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава - да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за само со македонско државјанство или манипулирате.

Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава!

Ова го напиша на социјалните мрежи пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП), Монија Зајкова која изминативе денови ги повика своите колеги, но и сите функционери во земјава да дадат изјава на Нотар и да ја заверат, а со која ќе посочат дека немаат двојни државјанства.

ЛЕКАР ЌЕ МОЖЕ ДА ЕВИДЕНТИРА ВО СИСТЕМОТ ДЕКА ПАЦИЕНТ ПРЕТРПЕЛ НАСИЛСТВО, А НЕ ГО ПРИЈАВИЛ

Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот - изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.

- Планираме со Комората на лекарите во текот на лиценцирањето на лекарите да има еден модул што ќе биде многу повеќе фокусиран на насилството во здравствените институции и навреме да ги откријат - информира министерот за здравство.

Со Комората на лекарите било во план, кога ќе се даде лиценцата, таа да ги содржи потребните обуки.

МТВ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски.

Со тоа јавниот сервис по 15 години добива нов директор. Досегашен директор во последните 15 години беше Марјан Цветковски. За Ристоски веќе опозицијата критикуваше дека се избира затоа што му бил пријател од младоста на премиерот Христијан Мицкоски. Ристоски на чело на МРТ доаѓа како сопственик на маркетинг агенцијата

Во постапката биле разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури.Гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите, како што се вели, биле доставени под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се бара кандидат за висока ревизиска позиција, огласот веќе е објавен на веб страната на Агенцијата за администрација, а од него може да се види дека лицето кое ќе ја добие оваа позција ќе добие солидна плата

МЕПСО го објави извештајот за работењето во 2025, во кој операторот на електропреносниот систем ги потврди бројките дека јавните капацитети не само што со производството на електрична енергија во текот на минатата година не ги достигнале амбициозните планови, туку не ги достигнале ниту количините во споредба со една година претходно.

Приватните компании кои работат на развој на вештачка интелигенција (ВИ) како никогаш досега имаат моќни алатки од кои стравуваат и самите држави, освен ако не добијат пристап до нивните програми, останувајќи зависни за новите технологии од корпорациите.

Турските државјани веќе имаат силно и јасно видливо присуство во македонската бизнис-заедница, покажуваат податоците што Фактор ги доби од Централниот регистар. Бројките откриваат дека нивното деловно присуство одамна е повеќе од поединечна појава и веќе претставува значаен сегмент од вкупната деловна слика во земјава.

Македонските граѓани испраќаат цвеќе на домашна адреса, потврдуваат од повеќе цвеќарници, а цената на услугата зависи од изборот на цвеќето, каков букет сакаат и далечината на локацијата каде пратката треба да се однесе. Од цвеќарниците велат дека некој ќе помине со 500 денари, но има и луѓе кои не штедат пари и ќе потрошат неколкупати повеќе.

Слично

Поврзани вести