Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели да се гордееме затоа што сме солидарни, Црна Гора не прима, а Словенија и Естонија ќе прифатат минимален број бегалци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели да се гордееме затоа што сме солидарни, Црна Гора не прима, а Словенија и Естонија ќе прифатат минимален број бегалци

ПРЕМИЕРОТ ОБЈАСНИ ЗОШТО ЌЕ ПРИМИМЕ 450 АВГАНИСТАНСКИ БЕГАЛЦИ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никој не побарал, туку сами се понудиле да примат бегалци од Авганистан и дека граѓаните на тоа треба да бидат горди. 

Вели дека треба да ја поделиме одговорноста, човечноста и хуманоста откако Талибанците го заземаа Кабул. 

„Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авганистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите“, изјави Заев. 

Вели дека Скопје по земјотресот од 1963 година има примено помош од целиот свет и дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.

Македонија ќе прими 450 бегалци, кои ќе бидат сместени од хотели, мотели, одморалишта. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 изјави дека тие одлучуваат колкав ќе биде бројот на бегалци од Авганистан. 

„Не станува збор за голема бројка и не очекувам дека можеме да ја зголемиме повеќе, иако ние одлучуваме за тоа која ќе биде бројката на лица кои можеме да ги сместиме тука“, вели Спасовски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има спротивен став и вели дека ова е грешка, а како пример ги посочи богатите земји кои ќе земат 10 до 15 пати помалку бегалци од нашата земја. 

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН СЕГА СЕ ВО КАТАР, НОРВЕШКА И АНГЛИЈА

Сите граѓани кои биле пријавени за евакуација веќе го напуштиле Кабул и во моментов се наоѓаат на неколку локации, информираше Министерството за надворешни работи

„Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Обединето Кралство; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје; последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, соопшти МНР.

Во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.

ДЕНЕС ИМА НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 91 оздравени пациент од: Скопје – 35, Гостивар – 12, Тетово – 9, Кичево и Дебар – по 8, Куманово и Струмица – по 5, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Не престанува силниот интерес за вакцинација во државава.

Граѓаните трпеливо чекаат на ред на вакциналните пунктови, со цел и тие да ја примат вакцината против ковид 19 и да бидат заштитени од тешка форма на болеста или од смртен исход. 

ЦРНА ГОРА НЕ ПРИМА, А ДРУГИ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРИФАТАТ СИМБОЛИЧЕН БРОЈ БЕГАЛЦИ

Уште една земја од регионот се изјасни дека нема да прима бегалци од Авганистан. 

Црна Горa не се обврза дека привремено ќе прифаќа бегалци од Авганистан. Земјата од поранепна Југославија се продружи кон изјавата од околу 100 земји издадена од Стејт департментот. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, таква обврска не е ни предвидена со оваа изјава. Таа се приклучува на повиците на меѓународната заедница за обезбедување безбеден излез од земјата за сојузничките и партнерските сили и народот на Авганистан. 

Словенија ќе прими најмногу пет соработници на ЕУ од Авганистан. 

Естонија може да прифати 10 бегалци од Авганистан. 

Тука спаѓаат луѓето кои соработувале со Европската унија и НАТО, како и нивните членови од фамилијата, потврди вчера премиерката Каја Калас.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Жителите на Куманово кои работеле во Авганистан велат дека 2002, 2003 и 2004  биле најдобри години за работа во оваа земја затоа што тогаш добивале највисоки плати.

Заврши периодот на бесплатната патарина за српските туристи во знак на благодарност за можноста македонските граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во Белград, Ниш и Врање. Според претходната одлука на Владата, српските возила кои транзитираа од 15 јуни до 15 август по Коридор 10 немаа обврска да плаќаат патна такса на наплатните пунктови, а наместо тоа на Табановце им беа доделувани смарт картички.

За граѓаните кои се вакцинирани со две дози од било која од достапните вакцини во земјава, доколку биле во близок контакт со заболено лице од ковид, или доколку во својот дом имаат заболен член од семејството, не следува решение за самоизолација.

Добивката од дејноста на фирмата-мајка е 1,27 милиони евра, а од шест фирми-ќерки три завршиле со добивка од 340.000 евра. Капиталната добивка (пазарна наспроти куповна цена) на акциите  кои „Гранит“ ги има во „Комерцијална банка“) изнесува 2,77 милиони евра

Засега 450 цивилни граѓани од Авганистан треба да се сместат во хотели и мотели во земјава, а според последната владина најава тие треба да стасаат во Македонија до крајот на неделава. Хотелиерите кои ги контактиравме малку знаат за оваа операција и велат дека не се контактирани за сместувањето. 

Слично

Поврзани вести