ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели ДУИ ќе се модернизира, Рашковски замина во куќен притвор
ЗАЕВ НАГОВЕСТИ ШТО ЌЕ СООПШТИ ДУИ УТРЕ
Не се работи за заеднички кандидат за градоначалник на Град Скопје кој би бил Албанец, туку за модернизација на ДУИ, но за тоа ќе оставам самитре да го соопштат.
Вака денеска одговори премиерот Зоран Заев на новинарското прашање дали изненадувањето што утре ќе го соопшти неговипот коалиционен партнер ДУИ, е всушност заеднички кандидат Албанец за градски татко на метрополата, и далчи е ова компензација за орткажувањето на ДУИ од премиер Албанец по парламнентарните избори лани летото. За тоа дури прокружи и името на Имер Селмани.
„Не се работи за тоа. Се работи за модернизација на нашиот коалиционен партнер, но лоигично е да оставам тоа тие да го соопштат. Ние впо Владата сме информирани за тоа. Станува збор за квалитативни и убави промени во ДУИ. Како ние во СДСМ што направивме модернизација во смисла на гласањето на конгресот, дигитализација, застапеност на жените и слично, така и ДУИ ќе оди со еден модернистички пристап. Тоа е нивна идеја за којја не известија и логично е да оставам тие да ја соопштат. Значи, се работи за модернизација на таа политичка партија која е наш коалиционен партнер“, рече Заев.
Тој рече дека СДСМ е партија која обединува, а тпоа го покажа и со коалицијата на парламентарните избори.РАШКОВСКИ ЗАМИНА ВО КУЌЕН ПРИТВОР
Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски од ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари заминува во куќен притвор. Одлуката за замена на мерката Апелација ја донела денеска и веднаш ја испратила до Основниот кривичен суд во Скопје, потврдуваат за „360 степени“ од второстепениот суд.
Решението за замена на притворот стигнало и во затворот во Шутка од каде велат дека очекуваат полициски службеници набрзо да пристигнат и да го спроведат Рашковски во домот каде ќе го издржува куќниот притвор.
Против Драги Рашковски во моментов се водат две истраги. И двете се за спроведени тендери, при што се купени добра што никој ниту ги барал ниту, пак, ги користи. И во двата случаи, тоа што генералниот секретар Драги Рашковски го купил, претходно го имал патентирано иноваторот Драги Рашковски.ИМА 16 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Регистрирани се 38 оздравени пациент од: Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид – 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ МИРНО
Министерот за здравство Венко Филипче денеска оцени дека епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и дека засега нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Сепак, тој предупреди дека никој во светот не може да предвиди што точно ќе се случува со вирусот бидејќи тој во некои држави веќе е мутиран во повирулентен.
- Никој во светот во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи мутација која е позаразна од претходнте соеви и тоа се случува во светот. Важно е дека сега вакцините спречуваат од тешка форма на болеста и смртен исход. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација. Засега нема знаци на влошување на состојбата, оцени Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
