Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев упати писмо до членството, Максим се жали на притисоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев упати писмо до членството, Максим се жали на притисоци

ЗАЕВ УПАТИ ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ

Писмото на премиерот Зоран Заев испратено до членството на СДСМ два дена по од локалните избори, во кои владеачката партија загуби голем број од гласовите од 2017 и повеќе клучни општини по првиот круг, започна да се објавува во медиумите

„Другари и другарки, храбри социјалдемократи, поддржувачи на демократијата и на прогресот,

Дозволете да ви се заблагодарам за целокупниот ваш ангажман и труд што го дадовте за овие избори, но и за сите процеси во изминатите години низ кои заедно ги направивме големите промени во македонското општество. Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борбата не е завршена.

Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно.

ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРАТИЛА ДИМИТРИЕВСКИ НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски објасни дека бил сопатник во возилото кое го стопирала полицијата. 

Вели дека возилото е сопственост на лизинг компанија и истото е добиено на користење, уредно со договор со сите документации.

„Во самото возило јасно се гледа сообраќајната дозвола дека возилото поминало на тест и може да има таков тип на фолија. Инаку, возилото коешто не следеше исто така имаше такви фолии кои не се гледаше кој управува со возилото и го видовме преку шофершајбната. Моето возило не е службено, тоа е возило на лизинг компанија, со коешто имаме договор на користење и го користиме со полномошно. Ние државни ресурси не употребуваме во изборниот процес. И како сум влезен во кандидатура за градоначалник, во ниту еден момент не користам службено возило, туку користам и рентам приватно возило кое согласно закон има право да има затемнети стакла. Но, суштината тука не се работи за затемнети стакла. Стаклата не се прекршок со којшто компезно градоначалникот се затвора во кола без никакво образложение како најголем криминалец“, рече Димитриевски.

Димитриевски тргнал да оди на матичен лекар.

МИЦКОСКИ ПОВИКА НА УРИВАЊЕ НА ВЛАСТА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подава рака до сите граѓани и партии од опозицијата, но и до оние од власта кои сакаат, како што рече, да мигрираат, да се мобилизираат и да се здружат, со цел заедно да ја победат оваа власт, прво преку локалните избори, а потоа и постепено да се формира ново парламентарно мнозинство. 

Денеска ВМРО-ДПМНЕ имале заеднички состанок со коалицијата Обнова за Македонија, за која Мицкоски нагласи дека на овие избори освоиле 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на советничките листи. Тоа, според Мицкоски, е убедлива победа и јасна порака до власта, а за нив - голема одговорност.

ДЕНЕС ИМА 472 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД -19

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаи на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.669

Оздравени се 498 пациенти –пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 нови случаи на КОВИД-19

ВЛАДАТА ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА БРОЈОТ НА ГОСТИ НА ЕДНА МАСА

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел, соопштија од Владата. 

Ова е одлука од 113-та седница. Владата во согласност со моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

МЕЃУ ПОЧИНАТИТЕ, А ПРЕТХОДНО ВАКЦИНИРАНИ, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ПРИМИЛЕ СИНОФАРМ

Министерството за здравство денеска ја објави првата подетална анализа за смртноста поради компликации од ковид и најави дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена. 

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. 

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19 примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Грчко-италијанската компанија за трговија со струја „Елпедисон“, која врти преку 600 милиони евра годишно, има намера да ја засили и да ја стабилизира конкуренцијата во Македонија со продажба на електрична енергија. Компанијата која е најголем независен производител во Грција, минатата година ја заврши со приход од 685 милиони евра и добивка од 15 милиони евра. 

Струшката компанија Илинден е добитникот на годината. 

НЛБ Банка ќе подели дивиденда, дел од добивката остварена минатата и предминатата година, соопштија од банката.

Полјакот Војчек Едвард Пилч, кој неодамна купи влизу 22 проценти од рудникот „Тајмиште“ во Кичево, сега, заедно со уште еден негов деловен партнер, исто така полски државјанин, планираат да ја дооткупат целата компанија од сите преостанати акционери. За акциите тој има намера да плати по 970 денари.

Акционерите на градежната компанија „Бетон“ ја усвоија одлуката за префлување на долгот за црквата Св. Цар Константин и Елена во центарот на Скопје кон приватната здравствена установа Ре-медика.

Голем број познати имиња од лекарската фела на овие локални озбори беа или на советничките листи, или пак во треката за градоначалничката функција. 

Некои слават, некои се изненадени, трети им ја честитаа победата на своите ривали, а некои, пак, допрва се „острат“ за тешка битка во вториот круг.

Слично

Поврзани вести