Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев тврди дека не се договарал со Мијалков, туку животот го ризикувал за правда

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев тврди дека не се договарал со Мијалков, туку животот го ризикувал за правда

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА НИКАКОВ ПАКЕТ НЕ МУ БИЛ ВЕТЕН НА МИЈАЛКОВ

Пратениците за промена на Уставот гласаа по сопствено убедување и не станува збор за никаков пакет ветен на Мијалков, кажал за Фокус поранершниот премиер Зоран Заев.

Животот на моите деца, семејството и пријателите беше под прашање, но и покрај тоа, во име на заштита на човековите права, во име на вистината, демократијата и слободата, и за никогаш да не се повтори, јавно беа, лично од мене, споделени доказите за незаконското прислушување, вели поранешниот премиер Зоран Заев, за Фокус. 

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ТРАГАТА НА ДЕЛ ОД ДОЈАВУВАЧИТЕ ЗА ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ

За заканувачки пораки испратени во Делчево и Кавадарци, полицијата влезе во трага на дел од дојавувачите за поставени бомби, а опозицијата вели дека власта е неспособна.

Сепак, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не открива дали имаат осомничени. Најавува дека истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби заеднички ќе ги зајакнат капацитетите за да можат да се одбранат од каков било хибриден напад.  Опозицијата вели дека четири години владејачката коалиција не нашла решение за справување со хибридните закани. 

КАЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА Е ЕДЕН ОД НАЈАКТИВИТЕ ПРАТЕНИЦИ

Новинарот од Алфа телевизија Матеја Петровски, на социјалната мрежа фејсбук сподели видео од собраниска дебата на Комисијата за политички систем и однпоси меѓу заедниците, на кое се гледа како пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски, игра една видеоигра на својот мобилен телефон.

ЗЕЛЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО БАЈДЕН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се врати со празни раце од САД во Украина. 

Зеленски за првпат излезе од Украина од почетокот на војната, за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон. Ќе зборуваат за новата обемна воена помош која меѓу другото ќе вклучи една батерија од напредниот противвозудшен ракетен систем „Патриот“, нови 1,85 милијарди долари во финансиски срества и друга муниција, известува Би-Би-Си.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Празниците се ближат, а печалбарите почнаа да се враќаат дома, што ќе донесе извесен економски потстрек во градовите во Македонија.

Поранешниот директор на едно од најголемите градски претпријатија во земјата, ЈП Исар од Штип, Ангел Бојаџиев, сега е дел од раководството на „Соларпро“, бугарската компанија која во Македонија гради сопствени соларни централи, но и такви за самопотрошувачка на други правни лица, а истовремено е и еден од најголемите снабдувачи на електрична енергија во Македонија и продава фотонапонски панели.

Огласникот на Агенцијата за администрација одамна немаше интересни понуди за желните за работа во државната администрација, но вчера на него изби прилично значајна позиција, иако само според бројот на работните места што се нудат, но не и според платите што се им се нудат на кадрите што таму ќе се вработат.

Театрите во Тетово и во Ѓорче Петров се единствени во кои на секоја претстава во просек имало 200 или повеќе гледачи. 

Намален интерес за уплати во третиот пензиски фонд, намалување на профитабилноста на секторот, несигурност поради даночните измени, успорување на развојот... 

Јавното претпријатие „Лајка“ кое единствено во земјава ги згрижува бездомните кучиња и врши хуман третман на стерилизација за да се спречи понатамошно размножување деновиве апелира до сите хумани луѓе да донираат ќебиња, јамболии, стари теписи, черги со цел да ги стоплат кучињата кои се таму, бидејќи во моментов немаат парно греење.

Слично

Поврзани вести