ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев реферираше пред коалиционите партнери, дел од нив имаат забелешки за барањата на Алтернатива
ДЕЛ ОД КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ НА ЗАЕВ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ НА БАРАЊАТА НА АЛТЕРНАТИВА
Претседателот на НСДП, Тито Петковски вечерва изјави дека на Македонија не и се потребни вонредни парламентрани избори.
Рече дека ако има избори, ќе влеземе во турбуленции, а реформите ќе бидат во застој и никој не гарантира дека потоа ќе имаме стабилна Влада.
„Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште 4 пратеници“, изјави Петковски.
Вели дека сепак ќе остане една горичина дека Алтернатива барала премногу.Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вели дека има спорни точки во она што го договориле премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
„Има и спорни точки од договорот меѓу Зоран Заев и Африм Гаши, особено оној дел што се однесува на некаква си меѓународна експертиза за тешки судски случаи. Тоа не може да биде предмет на политички договор“, изјави претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов кој вечерва гостуваше на ТВ Сител.EСКОБАР ВЕЛИ ДЕКА САД РАБОТИ НА ТОА ПОСКОРО ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ
Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар денеска во Скопје изјави дека САД работи интензивно Македонија да добие брз старт на преговорите со ЕУ.
Вели дека Македонија е културолошки дел од Европа, историски дел од Европа и се повеќе и економски е дел од Европа и таа треба да има свое заслужено место на масата.
„И понатаму ќе ги поддржуваме вашите напори за флексибилност во процесот на евроинтеграција и во спроведувањето на натамошните реформи, кои треба да бидат реалност“, изјави Ескобар.
За министерот за надворешни работи, Бујар Османи, таргетот за преговори со ЕУ е декември.ДВАЈЦА ЛЕКАРИ ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА НИВНИ ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАЛЕ ПО ВАКЦИНАЦИЈА
Двајца лекари во Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, пријавиле сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид во земјава.
Ова го потврди раководителката во МАЛМЕД, Меријем Хаџихамза на брифинг со новинарите.
Инаку, и двете пријави се доставени во различен временски период. За првиот пациент на 53-годишна возраст пријавата била доставена во април, а за вториот, кој бил на возраст од 85 години, на 30 септември.НОВИ 101 ЗАРАЗЕН СО КОРОНА
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа биле направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19. Случаите се регистрирани во Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по 12, Штип и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
