ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев не губи надеж, по изборите повторно ќе има разговори со Бугарија
ПО ИЗБОРИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА СО БУГАРИЈА
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека по изборите во земјава и во Бугарија, можно е да се најде решение со бугарската страна.
Низ дијалог ќе се бара решение.
„Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите се движиме на добар пат. Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите. Тие да не разберат нам, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас“, изјави Заев.
Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи.
По изборите во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие поинакво значење, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев, во изјава за БНТ. Објаснува дека дека не треба „да се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”ДЕНЕС ИМА 190 ЗАРАЗЕНИ И 10 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар - по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.МНР СЕ ОГЛАСИ ЗА НОТАТА ОД БУГАРИЈА
Член на семејството на Скочивирчето сам ја променил надгробната плоча за која Бугарија врачи протестна нота, соопштија од Министерството за надворешни работи.
МНР апелира на вакви приватни и лични акти да не се ставаат во политички и идеолошки контекст. Покрај тоа што истрагата утврдила дека замената на плочата ја направил член на семејството на војводата Скочивирчето, констатирано е и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.26 ГОДИНИ ОД АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ
Се навршија 26 години од атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.
На денешен ден пред 26 години врз Глигоров беше извршен атентат, а оттогаш и покрај ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени, досега нема никакви конкретни резултати.
На 3 октомври 1995 година врз претседателот беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.