Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев му одговори на Каракачанов, во меѓувреме се запираат летовите од Британија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев му одговори на Каракачанов, во меѓувреме се запираат летовите од Британија

ЗАЕВ МУ ОДГОВОРИ НА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ

На изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека пред 1944 година македонската нацина не постоела, денеска премиерот Зоран Заев рече дека во 1944 не сме се разбудиле со мисла дека сме Македонци.

-Секогаш сме реагирале и ќе реагираме. Оваа изјава на Каракачанов не е со нота или пишан документ, и еве и ние јавно реагираме: Во 1943 година на 31 декември македонските граѓани не си легнаа како Бугари и се разбудија на 1 јануари 1944 како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад. Се чувствувале Македонци и се чувствуваат како Македонци, рече премиерот Заев одговарајќи на прашање по обраќањето по повод „Денот на турската азбука“ 21.декември.


Во духот на пријателството, како што истакна, продолжуваме со внимателен наратив, но секако ќе реагираме на тоа што директно не повредува.

СЕ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ ЛЕТОВИ ОД БРИТАНИЈА

Владата ги забрани сите летови од Велика Британија кон Македонија, информира премиерот Зоран Заев.

„После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија, напиша пред малку на фејсбук премиерот Зоран Заев.

Претходно на утринскиот состанок Комисијата за заразни болести препорача 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во Македонија со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 129 НОВИ ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67,  Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.),  двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.

НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО ВАКЦИНАТА ЌЕ ДЕЛУВА НА НОВИОТ ВИД НА КОРОНАВИРУС 

Новиот вид коронавирус, кој брзо се шири низ делови на јужна Англија, има невообичаено голем број мутации, дури 22“, изјавила британскиот виролог Венди Баркли.

Професорката Баркли, шефица на одделот за инфективни заболувања на Кралскиот колеџ во Лондон, изјавила за Би-би-си Радио 4 дека обично се забележуваат една до две промени во вирусот, но дека новиот вид корона има 22“.

„Ова е предупредување за итни случаи. Сепак, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени така поради тие мутации“, рече таа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

КОВИД-19 пандемијата барем во поновата светска историја донесе огромни предизвици кои влијае на геополитичките текови, а секако одмината не беше ниту Македонија од аспект на ширење на опасниот корона вирус, ниту пак со инфодемијата составена од лажни вести, шпекулации, нејаснотии околу намерите на глобалните играчи и во одредена мера влијание и преку традиционалните медиуми.

Во земјава лани успешно работеле 15 компании кои произведуваат „ останата горна облека“ и при тоа оствариле приходи поголеми од 3 милиони евра. Најпрофитабилни убедливо биле скопската реномирана модна компанија „Кара“ и „Алекс 3“ од Кочани кои имаат добивки поголеми од еден милион евра лани

Проценетатата вредност на зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448, а Владата ќе ја купи за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици.

Познатиот бренд Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар. Една од неколкуте безниски станици, како што дознава Фактор, кои е предвидено да се изградат во земјава веќе е во завршна фаза на изградба, а ќе биде оперативна наскоро на новата делница од автопатот Демир Капија - Смоквица. 

Слично

Поврзани вести