Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев и Мицкоски се соочија на дуел, а Милошоски заврши на Инфективна

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев и Мицкоски се соочија на дуел, а Милошоски заврши на Инфективна

ЗАЕВ И МИЦКОСКИ СЕ СООЧИЈА НА ТВ ДУЕЛ

Лидерот на СДСМ, Зорам Заев во дуелот на ТВ 24 вечерва изјави дека не прифаќа уцени од ДУИ и  би му отстапил пратеници на Мицкоски за малцинска влада. 

Смета дека ако дојдеме до такво сценарио, ако треба, подготвен е да му отстапи 13 пратеници. Вели дека обратно, ВМРО-ДПМНЕ нив би требало да им отстапи 6. 

Заев вели дека нема да преговара ако ДУИ уценува. 

Смета дека тие треба да одат во опозицијата и дека тоа е добро. 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во дуелот на ТВ 24 изјави дека се слушнало во аудио бомбите чиј човек е бизнисменот Зоран Милевски Кичеец. 

За бизнисменот Дака Давидовиќ вели дека имал само една средба со него, му рекол дека работата не ја бива, но кажа дека парите се дадени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Заев да каже какви бизниси му ветувал на Давидовиќ. 

Заев го повика бизнисменот јавно да каже кому и колку пари дал. 

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ЗАДРЖАН НА ИНФЕКТИВНА

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска објави фотографија на Фејсбук од Инфективната клиника каде е хоспитализиран поради покачена температура. 

Вчера направил тест за Ковид -19 и тој резултат е негативен, но денес е направен нов тест, за што ќе има резултати утре. 

Вели дека нема други симптоми, дишењето, апетитот и расположението се добро. 

Тој претходните денови објави дека оди во самоизолација затоа што мајка му е заразена со коронавирусот, а веќе бил во контакт со неа. 

И ДЕНЕС ВИСОК БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г). Во ГОБ „8 септември“ почината е  пациентка од Скопје (56г). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.

ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ

„Белиот список“ од 14 држави и четири држави со кои утре ќе се отворат надворешните граници на ЕУ, ќе биде официјално потврден наскоро. Европскиот совет препорачува отворање на надворешните граници со Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај, како и Ватикан, Андора, Сан Марино и Монако. Покрај тоа, можно е Кинезите да бидат примени во ЕУ под услов на реципроцитет (со други зборови, дека тоа ќе му овозможи на Пекинг да патува во европските патници во Кина).

Како што се очекуваше, САД, Бразил и Русија беа изоставени од списокот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Светот е се повеќе загрижен за економијата. Неа ќе и оди уште полошо отколку што претходно се очекуваше, а главната причина е што здравствената криза што ја предизвика коронавирусот трае многу подолго од првичните предвидувања, и никој не ни знае кога ќе и се види крајот.

Владините мерки за поддршка на стопанството се доволни за овој период, бидејќи загубите до сега не се преголеми, вели Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет во Скопје.

Кирил Самарџиоски досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на Прилепска Пиварница им го подари на своите деца уделот во докажаната компанија.

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р. Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба.

Тешка есен ги чека вработените во чевларскиот сектор во Македонија, и на повидок се нови откази, поради последиците на пандемијата.

Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, одлучил на своите вработени да не им ги исплаќа бонусите за работа, односно да им ја плаќа само нето-платата. 

Слично

Поврзани вести