Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го предложил Ковачевски за свој наследник, Алтернатива засега без одлука дали ќе влезе во Владата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го предложил Ковачевски за свој наследник, Алтернатива засега без одлука дали ќе влезе во Владата

ЗАЕВ ГО ПРЕДЛОЖИЛ КОВАЧЕВСКИ

Зоран Заев го промовирал Димитар Ковачевски за наследник на лидерската позиција на состанокот нa ЦО, брифира за ТВ 24 висок партиски функционер од состанокот.

Според истиот функционер немало реакција од членовите на оваа најава. Сепак дел од нив ја отвораат дилемата, како и покрај фактот дека Заев ќе застене зад него доколку има и други кандидати ќе има гаранција дека Ковачевски ќе победи на непосредни партиски избори.

АЛТЕРНАТИВА ЌЕ ПРЕГОВАРА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА

Од Алтернатива на Африм Гаши вечерва соопштија дека разговарале за целокупната политичка состојба во земјава, и велат дека сме во здравствена, енергетска и политичка криза. 

Велат дека додека чека датум за старт на преговори, земјата влезе во криза. 

„Треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитeтот. Ќе видиме дали има волја за заедничка владна програма“, рече портпарол Орхан Муртезани.

Централното Собрание на Алтернатива ќе донесе одлука дали ќе влезат во Владата или не. Ќе го свикаат зависно од самата подготвеноста за преговори. 

МИНИСТРИТЕ СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА

Тие се достапни, туку се, се разговара врз основа на наредби од обвинителството, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за сопствениците на компанијата „Беса Транс“. 

Министерот за трансорт и врски, Благој Бочварски денеска на прес - конференција изјави дека „Беса транс“ поседувал две лиценци, за слободен превоз на патници во меѓународен сообраќај и оваа е  одземена поради злоупотреба. 

Истата компанија имала и лиценца за линиски превоз во внатрешниот сообраќај. Оваа лиценца е истечена. Опожарениот автобус, не е пријавен во единствената електронска база во Министерството за транспорт и врски. 

Бочварски вели дека превозникот злоупотребувал извод на лиценца од друго возило. 

ДЕНЕС НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако порано младите од внатрешноста на Македонија бараа работа во главниот град, сега како подобра опција ја гледаат работата во странство.

Компанијата У Поуер почна да ги раскинува договорите за испорачување електрична енергија што ги имаше со државни институции и општини низ државата. Месецов еднострано беше раскинат договорот што во 2020 година го склучиле Царинската управа и У Поуер, фирмата чиј сопственик го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако комисијата почна постапка за одземање на лиценцата за снабдување на оваа компанија.

Бизнисменот Ѓорѓе Ташевски го продаде својот удел во Паркот на ветерни електрани Еуроинг на словенечките компании Интеренерго и Тригал. Ташевски за „Фактор“ потврди дека повеќе не е мнозински сопственик и дека Словенците имаат нова понапредна технологија со која ќе го довршат проектот.

Октомври е осмиот месец по ред во кој се намалува невработеноста во земјава, говорат најновите податоци на Агенцијата за вработување. Односно, во октомври биле регистрирани 134.219 невработени, што е намалување за нови 1.386 невработени во однос на еден месец претходно.

За презвемање од регионалната мрежа од буџет се издвоени една милијарда денари, а за тендерите на кои ЕСМ купуваше струја за своите потреби од 7 до 20 ноември се платени уште околу 800 милиони денари. Кога ќе се удри црта досега скоро пола од 4 милијарди буџетски пари ги „изгоре“ струјната криза

Слично

Поврзани вести