Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев е во посета на Софија, вети дека бугарскиот народ ќе биде внесен во Уставот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев е во посета на Софија, вети дека бугарскиот народ ќе биде внесен во Уставот

ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ДРЖАВНИОТ ВРВ ВО БУГАРИЈА

Како што е познато, владина делегација од утрово е во Бугарија каде што има неколку средби со владини претставници, но и со претседателот на државата Румен Радев.

На новинарско прашање, за кого ќе навива, бугарскиот премиер Јанев одговори:

„Тоа е најлесното прашање, ќе навивам за Северна Македонија“, рече Заев.

Инаку, по денешната средба, премиерот Зоран Заев изјави дека денеска со Јанев разговарале за билатералните односи и имале пријатен разговор со премиерот Јанев. 

Според него, наша обврска е да работиме и да пронајдеме решение.

„Разговаравме за суштината преку патоказот и португалскиот предлог. Наше е да зборуваме за билатералните односи. Имаме исчекор и решение е возможно“, рече Заев.

Техничкиот премиер Јанев изјави дека Бугарија ја поддржува европската интеграција.

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов на средбата со студенти во Пловдив изјави дека денеска македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретнал со луѓе кои не се ништо. 

„Денес, Зоран Заев се состана со Бојко Борисов и Корнелија Нинова.Тој мораше прво да се види со претседателот и премиерот“, рече Трифонов.

Вели дека Македонија не може да започне преговори без да го исполни „потребното“.

ТРЕТ ДЕН НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.

Регистрирани се 18 оздравени пациенти од:

Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВО НАТПРЕВАРОТ СО УКРАИНА

Украина попладнево ја порази Македонија на Европското првенство во Букурешт. 

Двата гола Украинците ги дадоа во првото полувреме, а голот за Македонија го постигна Езѓан Алиоски. Првите минути беа изедначени, но како одминуваше времето Украинците се повеќе доминираа, се играше пред нашиот гол, а во 29. минута една топка дојде до Јармоленко кој постигна гол за водство на Украина од 1-0. 

Пет минути подоцна нов гол за Украина, овој пат Јармоленко додаде до Јаремчук кој постигна погодок за водство на противникот од 2-0. 

ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПОВТОРНО ПОСТАПКАТА ЗА „ТОРТУРА“

Судскиот совет донесе одлука за преотварање на постапката за случајот „Тортура“, во која еден од обвинетите е поранешниот разузнавач Сашо Мијалков за насилното апсење на Љубе Бошковски. Денеска требаше поранешниот директор да ја слушне својата трета првостепена пресуда откако во предметот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари тој доби 12 години затвор, а на 13 април во „Трезор“ му беше изречена затворска казна од 8 години

Според Судскиот совет, не е јасно кој од обвинетите кое дејствие го превзел, поради што судското рочиште продолжува на 8 и 14 јули. За судот останало нејасно кој од обвинетите и со кое дејствие, односно како што беше кажано,  со колкав обем и интензитет го превземал .

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зголемувањето на еколошката такса за горивата нема драстично да ја намали потрошувачката, но зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните.

Големи поплаки од граѓаните во земјава за регистарските таблички за нивните автомобили. 

Кои се најголемите компании кои се грижат бројни прехранбени производи, пијалоци и цигари да бидат на дофат на рака секому од нас на рафт во најблиската продавница? Како тие се справија со корона кризата? 

Продложува трендот на опаѓање на епидемиолошката крива во Македонија. Во моментов земјава според критериумите на Светската здравствена организација е во фаза 1, односно се регистрираат само спорадични случаи на новозаразени на дневно ниво.

Слично

Поврзани вести