ФАКТОР НА ДЕНОТ: За Пендаровски барањето на Софија е скандалозно, Ковачевски се повлече од ЕСМ
ЗА ПЕНДАРОВСКИ БАРАЊЕТО НА СОФИЈА ДА УЧЕСТВУВА ВО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Е СКАНДАЛОЗНО
Претседателот Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето од страна на Софија да учествува во процесот на уставни измени на земјава.
ВАСКО КОВАЧЕВСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЕСМТој оваа одлука ја донел уште пред енергетската криза, со цел да му се посвети на своето семејство
Васко Стефанов ќе биде нов директор на државните електрани, кој бил директор на Пошти, во Водостопанство и на високи менаџерски позиции во приватниот секторво приватен сектор.
Премиерот Ковачевски од срце му се заблагодари на екс директорот Ковачевски, кој до него утрово ја депонирал оставката, за успешниот ангажман во АД ЕСМ и успешното менаџирање со енергетската криза, кога ни една од компаниите не била оставена на цедило.ПРЕМИЕРОТ НАЈАВУВА НОВ ЗАКОН ЗА ПЛАТИ
Доколку Уставен суд го поништеше членот за пресметка на платите на функцинерите, државата ќе имаше обврска да им исплати на сите функционери и разлика меѓу палтата која ја добиле и онаа која требаше да се добива согласно сегашната пресметка. Ова ќе значеше дополнително поголеми трошоци за државата, посочи премиерот Димитар Ковачевски, кој повторно се осврна на темата платите на функционерите кои деновиве драстично се зголемија по одлуката на Уставен суд да укине дел од законските одредби.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ