Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За упадот во М-НАВ на четири лица им е одреден куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За упадот во М-НАВ на четири лица им е одреден куќен притвор

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА УПАДОТ ВО КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од Јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 4 јануари годинава со кои на 4 лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ.

„Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. 

ОНИЕ КОИ СЕ НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ НА САД ДА БИДАТ ПОД САНКЦИИ И ВО ЗЕМЈАВА

Функционерите од „црната листа“ на САД да бидат ставени под рестрикции и во Македонија. Ваков предлог даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

На функционерите коишто ќе бидат обвинети за корупција, злоупотреба на службената должност и хибридни закани кон државата времено да им престане функцијата којашто ја извршуваат и да им се забрани да учествуваат на тендери сè до правосилноста на пресудата. Ова го предвидува предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки коишто денес ги претстави Османи.

КОНФИСКУВАНИТЕ СТАНОВИ НА МИЈАЛКОВ ГИ КУПИЛ СИН МУ

Конфискуваните станови на екс директорот на УБК, Само Мијалков ги купил неговиот син. 

„Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, а кои беа конфискувани од неговиот татко, Сашо Мијалков, со случајот „Империја“, пишува Призма.

Во ноември овој имот беше продаден на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, каде беше свикана и прес-конференција на која тие тврдеа дека биле заплашувани од сопствениците на имотот при самите обиди за продажба.

КРИВИЧНА ЗА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ФАРМАТА ВО АМЗАБЕГОВО

Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд изразуваат искрено сочувство до семејството на жртвата при трагичниот настан колективна несреќа при работа на двајца работници со фатален исход за едниот работник О.Т. и потешка повреда при работа на другиот работник С.Ј, информираат од Министерството за труд и социјала. 

„Несреќата се случила на ден 08.01.2024 година (понеделник), околу 10:30 часот, во фарма кај с.Амзабегово, Свети Николе, на локација - шахта од отворен тип која се наоѓа на отворен простор до Лагуната и Хала 1 во состав на фармата и е дел од систем за добивање и пренос на течно ѓубриво за земјоделски потреби.

ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ ОД КИЧЕВО КОЕ БИЛО ПРЕТЕПАНО

За таткото кој си ја претепа до смрт малата двегодишна ќеркичка, се огласи и Јавното обвинителство.

За него ќе се поведе истражна постапка за кривичното дело убиство.

„Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

АД ЕСМ на 8 јануари објави оглас за ангажирање на тројца експерти како „поддршка на раководството на компанијата“.  Ќе треба да се одговорни за довршување на ветерниот парк во Богданци и рехабилитација на шест хидроцентрали, како и на изградба на фотоцентралата од 100 до 160 мегавати на местотот на РЕК Битола и имплементацијата на битолскиот топловод.

Фирма од Ѓорче Петров регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски материјал фаќа три тендери за набавка на адитиви и антифриз за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во вкупен износ од 7 милиони евра! Трите тендери се во период покус од 100 дена. На трите тендери фирмата на велешанката Маја Јорданова нема конкуренција и е единствен понудувач!

Некогаш важел за големо свртилиште и бил посетуван со гости од разни земји, но денес или веќе десетина години зјае празен и го чека својот нов газда. Хотелот Илинден во Крушево е еден од многуте објекти кои се продаваат од страна на комерцијалните банки во земјава.

Деновиве се случи првото државно задолжување на домашниот пазар од почетокот на оваа година, а сумата е навистина огромна и многи поголема од сите досегашни. 

Слично

Поврзани вести