ФАКТОР НА ДЕНОТ: За граѓаните ќе има и вакцинација во домашни услови, денес имаме 37 заразени
ЌЕ ИМА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.
Во продолжение ви ги испраќаме контактите каде може да се закаже вакцинација со домашна посета:ДЕНЕС ИМА 37 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.
Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово - по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.ОД ВАКЦИНИРАНИТЕ КАЈ НАС 96 БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина.
Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.
„Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување“, велат од Министерството за здравство.ПОЛИТИЧКИ ПОРАКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА
Претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој вчера се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев, за БГНЕС вели дека Бугарите во земјава не постојат на законодавно ниво.
Тој вели дека не се сложува со премиерот Зоран Заев.
„Нивните права не се почитуваат и покрај тврдењата на официјалната власт и лично на премиерот Заев. Бугарите во РС Македонија треба да имаат исти права како сите останати граѓани на РС Македонија“, изјави тој.Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин за Фактор вели дека и Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав.
Смета дека тоа треба да го побара македонската Влада, но и здруженијата на Македонците во Бугарија. Како што наведува, во Бугарија има повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија.foto unsplash.com
