Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За американската дипломатија приоритет за оваа година е борбата со корупцијата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За американската дипломатија приоритет за оваа година е борбата со корупцијата

БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод почетокот на претседавањето на Македонија со ОБСЕ, како одговор на новинарско прашање рече дека борбата со корупцијата останува приоритет број еден за американската дипломатија во земјава во 2023.

Инаку советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле во среда пристигнува во Македонија, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, на 11 јануари тој пристигнува во Скопје со посебна меѓуагенциска делегација, која ќе се сретне со владини претставници на разговори за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. 

Шоле потоа ќе отпатува во Приштина, на средби со тамошната влада, политичките лидери и граѓанското општество. 

ЖАН МИТРЕВ ГИ РАЗЈАСНИ РАБОТИТЕ ЗА ХЕМОФИЛТРАЦИИТЕ

И јас се согласувм дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, не сакале да ја обезвреднат и потоа да ја купат клиниката Жан Митрев, изјави во вечерашнава емисија на Топ Тема д-р Жан Митрев, стоотстотен сопственик на клиниката.

До него, се до денеска, не стигнале никакви понуди ниту од Заев ниту од Филипче ниту од блиски до нив за купување на клиниката. Затоа и д-р Митрев смета дека се шпекулации наводите за нивна било каква вмешаност врз нападите врз клиниката од одредени медиуми, кои, како што тој рече, биле со цел да се атакува врз клиниката. 

„Всушност, тоа беа толку силни и оркестрирани напади, што беа еден вид непријателско преземање“, рече д-р Митрев.

KOВАЧЕВСКИ РАЗГОВАРАЛ СО ЗЕЛЕНСКИ

Премиерот Димитар Ковачевски објави дека обавил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој се разговарало, како што се вели во соопштеноето, за можноста за прекин на војната и за неговата посета во Украина.

„Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

РКМ на Ратко Капушевски и неговиот од неодамна нов бизнис партнер Ерџан Сулкоски го закупиле складот за мазут на Цементарница со габарит од 3.000 метри квадратни, според информацијата која како барање за нова лиценца ја пласираше Регулаторна комисија за енергетика.

Кавадарци и Струмица синоќа беа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, со измерени 364 ПМ 2,5 честички во Кавадарци, односно 323 ПМ 2,5 во Струмица, според Real-time аir Quality Index (AQI). 

„Макстил“ во една година „стопи“ 18,63 милиони евра долг спрема својот најголем акционер „Дуферко Скоп„ С.А. За значењето на оваа информација доволно е да се каже дека во една година скопската челичарница успеа да исплати 8 годишни рати и сега и остануваат за исплата уште две.

Леб, компири, пиперки, домати, јаболка. Ова се најчестите производи кои се присутни на македонските трпези. Македонците пијат и големи количини кафе.

Слично

Поврзани вести