ФАКТОР НА ДЕНОТ: Втор ден од пописот, се појавија технички проблеми
НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ПОПИСОТ СЕ ПОЈАВИЈА ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ
Oд Државниот завод за статистика, информираат дека во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен.
Објаснуваат дека во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат.
„Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата. Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации“, стои во соопштението.ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 32 ЛУЃЕ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од: Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1.
Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).ЦЕЛИ ПАРАЛЕЛКИ ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Цели паралелки во три градови во земјава одат во изолација поради коронавирусот.
Станува збор за паралелки во Велес, Прилеп и во Штип. Се работи за основни и средни училишта. Оваа учебна година почна со настава со физичко присуство за сите ученици во Македонија.
Според планот на надлежните, ќе се премине на оналјн настава ако се заразат 10 отсто од учениците.ПОЗНАТО Е ОД ШТО БОЛЕДУВАЛ КИЧЕЕЦ
Зоран Милески Кичеец имал одобрен прекин на издржувањето на затворската казна во рок од 30 дена, период кој нема да му се засметува во издржаната казна, соопштија денеска од Управата за извршување на санкции.
Тој бил пуштен на 10 август, а надвор од затворот требало да остане до 9 септември. Инаку Кичеец ја издржува затворската казна во КПД од отворен вид во Струга. Побарал да биде пуштен за да оди на лекување, оти, како што навел му била влошена здравствената состојба. За тоа пратил и докази од специјалистички извештаи од прегледи извршени на 06 и на 9 август во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.СПАСОВСКИ И ЧУЛЕВ ГО КАЖАА СТАВОТ ЗА СКАНДАЛОТ СО ДИПЛОМАТОТ
Наќе Чулев, поранешниот технички министер за внатрешни работи, се огласи на социјалните мрежи со тврдење дека, иако во негово време била распишана меѓународна потерница по дипломатот Миле Миленкоски, за тоа не бил информиран од никого во неговиот ресор.
„По не знам кој пат Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае дека вината за големиот број скандали кои во континуитет го тресат МВР и државата е само во Оливер Спасовски и луѓето поставени од него.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
