ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Врие“ во Нигер, македонски државјанин барал помош за евакуација
МАКЕДОНЕЦ БАРА ПОМОШ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД НИГЕР
Македонски државјанин кој се наоѓа во Нигер побарал помош, a oд Министерството за надворешни работи (МНР) бараат начин за негова евакуација.
Преку македонската амбасада во Каиро, Египет, Министерството за надворешни работи (МНР) работи на обезбедување евакуација на македонски државјанин кој се наоѓа во Нигер и кој побарал помош. Министерството води интензивни преговори со сојузниците кои имаат свои претставништва во оваа африканска земја, со цел евакуација на македонскиот државјанин.
„Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk“, стои во соопштението на МНР.НАЈДЕНО ТЕЛОТО НА МОМЧЕТО КОЕ СЕ УДАВИ ВО ГЛАЖЊА
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов потврди дека телото на давеникот во вештачкото езеро Глажња околу 15 часот е пронајдено и извлечено по 6 дена од исчезнувањето.
ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИОТ СПОМЕНИК НА ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ
Стојанче Ангелов, бранител од 2001 година и актуелен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) го осуди вандализирањето на споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во немилите настани од Диво Насеље кои се случија во 2015 година.
Споменикот е оштетен на големиот празник Илинден.
„Згрозен сум и силно револтиран од вандализмот на нечовекот кој ја оштетил спомен-бистата на мојот храбар соборец од Тигрите, специјалецот Горан Стојменовиќ, кој загина во борбата со терористите во кумановско Диво Насеље. Очекувам МВР брзо да го открие вандалот за да биде изнесен пред лицето на правдата“, пишува Ангелов на социјалните мрежи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Многу млади луѓе во земјава се со став дека попрво нема да работат отколку да работат за мала плата.
