ФАКТОР НА ДЕНОТ: Врховен ја одби жалбата, таткото на Вања останува во притвор
ТАТКОТО НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Драматично беше денеска во Врховниот суд. Особено внимание предизвика делот од изјавата на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, дека само чека разрешница на случајот, па да одлучи дали ќе и се придружи на постарата ќерка.
„Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски на денешната јавна седница пред Врховниот суд, која се однесува на жалбата што тој ја поднесе во врска со продолжениот притворДРИН АХМЕТИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД „ТОР ИНДУСТРИС“
Дрин Ахмети ќе се повлече од „Тор индустрис“, фирмата има нови газди.
Внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој беше основач и сопственик на „Тор индустрис“ до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата.
СЛУЖБЕНИЧКАТА ШТО ИЗДАДЕ УМРЕНИЦА НАМЕСТО ВЕНЧАНИЦА ПРЕТХОДНО БИЛА ШИВАЧКА
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во емисијата „Студио 10“ претпладнево упштаи критики за трупањето со несоодветни кадри во администрацијата и јавниот сектор, откако вчера пред јавноста покажа документ, на кој неговиот син наместо венчаница, добил умреница.
Градоначалникот на Карпош, за вработената од матичната служба, која вчера ја објави со име и со презиме,во студиото рече дека имала крајно несоодветно образование за таа работа.
„Била шивачка, а претходно работела како касиерка. Во 2018 добила диплома за средно шумарско. Претхопдно имала само три години средно. Што бара во администрацијата со такво школо. Човек со работни навики ваков пропуст не може да направи“, рече Јакимовски.
Синот на Јакимовски дознал дека добил умреница дури откако отишол кај преведувач за да го верификува меѓународно документот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
