ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вреди поднесе пријава против Османи за да се истражи како се потрошени парите за самитот на ОБСЕ
ВРЕДИ МУ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА НА БУЈАР ОСМАНИ
Вреди поднесе пријава до Јавното обвинителство против кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи.
„ВЛЕН денес поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се постапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се потрошени за ОБСЕ самитот без документација и евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни пари. Нема докази каде се потрошени парите и Јавното обвинителство мора да истражи“, велат од Вреди.СЛАВЕСКИ НАЈАВУВА ПОПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ОНИЕ КОИ ПРВПАТ КУПУВААТ СТАН ЗА ЖИВЕЕЊЕ
Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.
- Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со банките за купување на стан инвестиција кој нема да служи за живеење.
КРИВИЧНА ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Трајковски во 2018 година донел незаконска одлука за вработување на кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, со што му овозможил противправна имотна корист.
- Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
