Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во пошти штрајкуваа, има најави за зголемување на платите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во пошти штрајкуваа, има најави за зголемување на платите

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ ШТРАЈКУВАА, ИМА НАЈАВИ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Почна штрајкот во АД Пошта на Северна Македонија. Претседателот на Синдикатот Боро Велигденов во присуство на директорот на пошта Јани Макрадули изјави дека од утрово почнале, како што ги нарече интензивни преговори за надминување на ситуацијата.

„Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите на вработените првенствено на тие од технолошкиот процес од 1 јуни, а за останатите од администрацијата 1 август. Преговорите продолжуваат и предлогот ќе биде разгледан со управите на синдикалните организации, а доколку се прифати спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат. Дотогаш штрајкот е во тек, изјави Велигденов.

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПЈЕ

Прво се слушнала експлозија, па потоа избувнал силен пожар, велат за Фактор сведоци на пожарот кај Треска. Во моментов таму се пожарникарските екипи, а се евакуираат лица од околните куќи. ПОЦ ги крева автомобилите кои биле паркирани во близина и се преместуваат на безбедно место.

СЕ ОГРАНИЧУВА ПРОДАЖБАТА НА МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ

Министерот за економија Крешник Бектеши преку фотографии направени во некој од скопските маркети, а кои ги објави на неговиот фејсбук профил преку практичен пример го илустрира оправдувањето на владината одлука на ограничувањето на купувањето на масло за јадење, донесени од Владата. 

„Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена.

ИМА ДОКУМЕНТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ, НО СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД БУГАРИЈА 

Се чека одговор од Бугарија дали и е прифатлив документот за кој Македонија е согласна. 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати. 

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, вели Османи. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Неколку семејства од бегалците од Украина кои најдоа засолниште во Македонија ќе почнат или веќе почнале да го изучуваат македонскиот јазик, со помош на Црвениот Крст.

Граѓаните од земјава лани се опуштиле и решиле да се подноват со автомобили, но сепак, многу помалку со нови, а многу повеќе со употребувани возила.

Поминаа речиси пет години, се сменија тројца министри, а новиот Закон за работни односи и натаму е блокиран, со што се испуштаат шанси пазарот на трудот да се прилагоди на модерните потреби. 

Комисијата за заштита на конкуренција минатата година била особено активна со казнувањето кога станува збор за нарушувањето на принципите на пазарната економија. Компании и организации биле глобени за формирање на ценовни картели и за злоупотреби на доминантни позиции.

Слично

Поврзани вести