ФАКТОР НА ДЕНОТ: Возачот на Палчо доби 30 дена притвор
ВОЗАЧОТ НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел до Србија до Турција, Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 73-годишниот велешенец Панче Жежовски, потврдија од Кривичен суд. Притворот му е одреден поради можност од бегство.
Основното јавно обвинителство Скопје, претходно соопшти дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка за возачот на Палчо.
Како што информираат од ОЈО Скопје, во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на Палевски да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ГО ИСПРАТИ БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА
Maкедонските власти го испратија барањето за екстрадиција на осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски во Турција.
Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.
„Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок. Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти“, соопштија од Министерството за правда.СЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ВАЊА
Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само за децата, вели за поранешниот сопруг Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања, во разговорот за српскиот весник „Република“.
„Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“, вели Зорица во разговорот.
„Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа“, рече таа.РЕМЕНСКИ ИЗНЕСЕ НЕКОИ НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ГРУПАТА НА ПАЛЧО
Професорката Фросина ременски за Гласот на Америка ги откри нејзините, како што вели“ неофицијални информации поврзани со дејствувањето на групата на Палчо. Цени дека истрагата треба да се прошири поради сериозноста на информациите со кои располага.
-Нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира. Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
