Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Возачот на камион што усмрти четворица на скопската обиколница доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Возачот на камион што усмрти четворица на скопската обиколница доби 30 дена притвор

ВОЗАЧОТ НА КАМИОН КОЈ УСМРТИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ДОБИ ПРИТВОР

Определен е притвор за осомничениот кој вчера ја предизвика стравичната сообраќајка на обиколницата. 

Судија на претходна постапка доцна синоќа му определи мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Мерката притвор е донесена на барање на надлежното јавно обвинителство по спроведениот распит во судот.

Во страотниот судир што се случи во близина на клучката Мирковци, загинаа вкупно четири лица. Возачот има 76 години и е косовски државјанин. 

ЗЕМЈОТРЕС ИМАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија. Јачината на потресот била 3.5 степени според ЕМСЦ. Измерен е на длабочина од 5 километри, и на 21 км источно од Скопје. Граѓаните на Скопје и Куманово го почувствувале земјотресот.  Потресот траеше кратко. 

ЃОРЃИЕВСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАЛОЖИ ЗА ОТВОРАЊЕ ВЛАШКА КУЌА

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го честиташе Националниот ден на Власите.

Ѓорѓиевски истакна дека Власите се нераскинлив дел од македонскиот код, меморија и култура кои низ вековите успеале да го зачуваат својот јазик и достоинство.

Во својата празнична порака, тој упати и конкретно ветување за заедницата кое се однесува на зачувување на нивната културна традиција во главниот град.

ВО КУМАНОВО ИМАШЕ СОБИР ЗА ПОДДРШКА НА ВУЧИЌ

Граѓани денеска се собраа во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, слога, стабилност“.

Тие носеа македонски и српски знамиња, но и транспаренти на кои пишува „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово е со Вучиќ“.  Собирот се одржува пред конзулатот во Куманово. Велат дека целта на собирот е испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит.

Во соседна Србија, денеска неформалната група „Студенти во блокада“ организира голем собир на белградскиот плоштад „Славија“, на кој своето присуство го најавија академици, активисти и многубројни граѓани од сите делови на Србија. Централниот протест е закажан за периодот од 18 до 20 часот, но нему ќе му претходат масовни собири на четири клучни локации во главниот град. 

Слично

Поврзани вести