ФАКТОР НА ДЕНОТ: Водостојот зголемен, се излејаа повеќе реки во Македонија
ИМА ИЗЛЕВАЊЕ НА РЕКИ ВО МАКЕДОНИЈА
Интензивните дождови го преполнија коритото на реката Вардар во центарот на Скопје. Реката се излеа по неколкудневните дождови по областите на течението.
Последен пат реката се излеа во 2017 кога се поставуваа вреќи со песок покрај кејот, а Градот најави план за отстранување на некои објекти од речното корито.
Според УХМР, горниот тек на Вардар кај Јегуновце во однос на вчерашните податоци е подлабок за 114 сантиметри, а во Скопје е за 45 сантиметри.
Најголемо излевање на реката е забележано кај Рашче. Поради временската состојба, како што наведува УХМР, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата да бидат во покачување.Сообраќајот сега е слободен, но условите на патот се катастрофални.
Еве како изгледа денска патот Маврово - Дебар на кој вчера имаше забрана за движење за сите моторни возила.Излевања има во источниот дел на Македонија.
Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево.БУГАРИЈА ПРЕДЛАГА АКЦИОНЕН ПЛАН
Бугарија и предложила на Македонија акционен план за спроведување на Договорот.
Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, изјавија за БГНЕС од прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НОВИ 104 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.ЌЕ ИМА РЕГИСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ И ПОДАРОЦИ
Преку конкретни мерки и политики Владата ќе се фокусира на решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција, и на спречување и крајно искоренување на оваа девијантна појава.
Ова на денешната пресконференција го најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, презентирајќи ги идните владини мерки за реализација на вториот приоритет од владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, односно борбата против корупцијата и криминалот.Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, на денешното рочиште за организацијата на протестите на 27 април кои завршија со упад во Собранието и тепање на пратеници рече како повикан сведок дека дента биле заедно со Миле Јанакиески, екс-министерот за транспорт и врски, но дека ништо не било разговарано за таа тема.
-Одлука на Извршниот комитет за поддршка на протестите не беше донесена, рече Јанкуловска.
Таа сведочеше дека била во својата канцеларија во партиското седиште во која се наоѓала и канцеларијата на Јанакиески но пред судот тврдеше дека не се случувало ништо невообичаено, а околу 17:00 часот си заминала дома и на телевизија видела што се случува во Собранието.ПОПЛАВИ ВО РЕГИОНОТ
Поплави има во Србија, Косово и Албанија, а цели села се под вода.
Би-Би-Си на српски јазик јавува дека делови од Лесковац, места околу Ниш и Прокупље, неколку населби во Пирот и неколку села на подножјето на Стара планина изутрината се разбудиле во вода.
Во Албанија најкритично е во Лач, Скадар, Лежа и во Драч. Неколку илјади хектари земја се под вода, блокирани се патишта од свлечишта, десетици живеалишта, урнати се мостови во рурални области, а изолирани се многу села до кои може да се стигне само со воени камиони или пловни објекти. Досега се поплавени 7.450 хектари земја, а некои патишта се привремено блокирани поради лизгање на земјиштето.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
