Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Старо Нагоричане и Липково има пожари, а во соседството поплави

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Старо Нагоричане и Липково има пожари, а во соседството поплави

ПОЖАРИ ВО КУМАНОВСКО

Пожарот кај селото Бељаковце се разгорува, а гори и кај Ваксинце.

„Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на с.Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува. Овој крак не успеавме да го изгаснеме и покрај дејствувањето на полицискиот хеликоптер кој се повлече поради тоа што веќе не се гледа. Ќе се обидеме со пожарникари да се пробиеме и да го изгаснеме, но не сум оптимист“, информираше директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов.

ЌЕ СЕ ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ОНКОЛОГИЈА

Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Предлогот беше поднесен од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а утврдената комисија најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.

РЕАКЦИИ ЗА ТРАНСПАРЕНТОТ НА АПАСИЕВ

На социјалните мрежи стигнаа првите реакции за фамозниот транспарент на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој беше изложен пред јавноста на синоќешниот протест за скандалозните случувања на Клиниката за Онкологија.

Иако транспарентот беше насочен против владеачката партија СДСМ, одбрана стигна од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОПЛАВИ ВО СОСЕДСТВОТО, ИМА И ЖРТВИ

Четворица загинати има во поплавите во Бугарија и Турција, а поплавени се хотели и куќи.

Двајца загинаа, а уште три лица се сметаат за исчезнати, објави бугарскиот телевизиски канал „БТВ“, повикувајќи се на властите.

Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека се излеа. Патиштата се поплавени, некои мостови се однесени, а неколку одморалишта се отсечени. Во Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се преселат на повисоки места каде што е можно.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Колкав и каков уддел имаат трговците врз растот на цените? Но, и колку новиот бран поскапувања во малопродажбата е под влијание на растот на цените во светот, а колку поради домашни „интервенции“. На оваа тема посебна анализираше Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“.

„Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев, познат по тоа што беше уапсен и осуден за шверц на цигари додека беше градоначалник на Општина Ново Село.

Слично

Поврзани вести