ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Собранието влегуваат стари, но и нови имиња, наскоро преговори за Влада
КОЈ СЕ ВЛЕГУВА ВО СОБРАНИЕТО?
Некои се веќе целосно сигурни дека ќе седнат во пратеничките столчиња, каде во следните четири години ќе гласаат закони и доколку добро си ја вршат работата, ќе бидат коректив на извршната власт. Јавноста се надева дека нема да бидат само послушна гласачка машинерија која слепо ќе ги почитува директивите од партиските естаблишменти, туку ќе мислат со своја глава и ќе се борат за доброто на граѓаните. Доколку нивните партии опстојат на ветувањата, ќе им ги скратат бенефициите кои досега наголемо ги уживаа, како што се патните трошоци од кои инкасираа илјадници евра.
Има и такви, пак, кои онака како што ДИК ги изброја пратеничките мандати, не се најдоа на добитните места на партиските листи, но уште имаат надеж дека ќе влезат како пратеници во законодавниот дом. Ова од причина што доколку нвната партија формира Влада, оние што се на првите места ќе станат министри, или можеби директори на некои државни институции и акционерски друштва, па тие по автоматизам ќе дојдат на нивните места како пратенции во Собранието. Или, доколку некој пред нив се откаже од пратеничкиот мандат, што е многу тешко за верување.
ЗАЕВ ЗАМИНУВА НА ОДМОР
Социјалдемнократскиот сојуз денеска со сооптение ја информира јавноста дека по парламентарните избори лидерот Зоран Заев ќе оди на годишен одмор и ќе летува во Македонија, а постизнорните активности и преговарања за состабување на Влада ќе започнат по празникот Илинден.
„Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата“, инфомира СДСМ во своето соопштение.
Од таму уверуваат дека законските рокови ќе бидат целосно запазени од страна на партијата, чиј претседател прв ќе ја има можноста да го побара мандатот од претседателот на државата за да состави Влада.ИМА СОМНЕЖИ ЗА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Oд ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес - конференција изјавија дека победиле во 41 општина, а СДСМ во десетина.
Портпаролот Димче Арсовски рече дека на сајтот на ДИК имало податоци кои не кореспондираат со нивните податоци и записниците од избирачките одбори. Кажа дека функционери на СДСМ јавно повикувале да се прешкртуваат гласачки ливчиња.
„Ќе бараме рачно пребројување на гласачките ливчиња. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните“, рече тој.
Изразија сомнеж за високиот број на неважечки ливчиња над 30.000.Ќе достават десетици приговори до Државната изборна комисија за гласањето во Долнени, Пласница, Битола и во Кичево, вели шефот на изборниот штаб од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во изјава за новинската агенција ИНА.
„Имаме чисти случаи на изборен фалсификат кој се случуваше од 19 часот до 21 часот. Токму во тој момент се прави несфатливата разлика во резултатите. Местењето придонесе во Долнени ДУИ да добие 2.200 гласа а ние само 200, во Пласница, резулатот е 2.000 за нив 100 за нас, што е надвор од умот. Има навистина многу вакви случаи. Ова се случува во Кичево. Разликата е толкава што се коси со здравиот разум. Или на одредени избирачки места во Битола, каде има многу малку или воопшто нема гласачи Албанци, а ДУИ има стотици гласови. ‘Силувањето’ на гласовите е практика која ДУИ ја повторува во секој изборен циклус. Тоа е знак за тоа колку сме далеку од демократија“, вели Таравари.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА СТАТУСОТ НА АПАСИЕВ
Основното јавно обвинителство отвори предмет против Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, кој откако неговата партија освои два пратенички мандати на парламентарните избори напиша статус на „Фејсбук“ кој гласи „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“. Ова невладините организации го протолкуваа како закана против нив.
Од таму потврдуваат дека, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повикал Апасиев да даде исказ во обвинителството.ДЕНЕС ИМА 164 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Петмина ја изгубија битката со Ковид- 19.
За 24 часа починале пет лица од коронавирус, а потврдени се 164 нови случаи.
Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а најмногу нови случаи се регистрирани во: Скопје-59, Свети Николе – 23 и Дебар – 18.
Во Куманово-12, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кичево-6, Ресен-1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
