ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Собранието не помина интерпелацијата за Панче Тошковски
ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТОШКОВСКИ НЕ ПОМИНА
Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Само 20 пратеници гласаа „за“, 72 гласаа „против', а немаше „воздржани“.
„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.
СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ПРОТЕСТИРАА ВО СКОПЈЕ
„Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Колку животи треба да се изгубт за да се подигне нашата свест“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, се само дел од транспарентите кои можеа да се забележат на овој протест.
Инаку, овој протесет беше закажан од семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека, во Скопје во 12 часот и пет минути и е насловен како „Марш за ангелите“.MАРТА КОС ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ТАЖНА ПРИКАЗНА ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ
Северна Македонија е тажна приказна во однос на евроинтеграциите, вели еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Зборувајќи во интервју за Радио Слободна Европа за Западниот Балкан, Кос вели дека во регионот има две или три тажни приказни – едната е Косово, другата Северна Македонија и третата Босна и Херцеговина.
„Јас доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Во некои аспекти регионот беше подобар пред 20 години отколку што е сега. И постојат две многу тажни приказни или три. Една од нив е тоа што Косово не може да оди понатаму. Уште една тажна приказна е Северна Македонија… Знаете, кога со Украина би чекале онолку долго, колку што Северна Македонија чека на почеток на преговорите, Украина би ги почнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е Босна и Херцеговина“, вели еврокомесарката.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
