ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ИЗГЛАСАА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА
Пратениците во Собранието попладнево го изгласаа Договорот со Велика Британија.
Со 76 гласа „за“ и 6 „против”, Собранието го изгласа Договорот со Велика Британија. Мнозинството аплаудираше, а опозицијата покажа негодување.
За власта Договорот е историски и ќе овозможи реализација на сите проекти кои претходната власт не ги направила.
За опозицијата, Договорот не е ексклузивен, а нетранспарентноста остава сомнеж за матни зделки и корупција. ВМРО-ДПМНЕ СООПШТИ 25 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
ВМРО-ДПМНЕ објави со кои кандидати ќе трчаат на локалните избори есенва. Дел од имињата се актуелни градоначалници.
Во продолжение кандидатите за градоначалници:
- Аеродром – Дејан Митески
- Бутел – Дарко Костовски
- Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
- Чучер Сандево – Зоран Бајовски
- Штип – Иван Јорданов
- Велес – Марко Колев
- Свети Николе – Дејан Владев
- Карбинци – Виктор Паунов
МИЦКОСКИ КАЖА ДЕКА РАЗМИСЛУВААТ ЗА ПРОЕКТ „КОЧАНИ 2030“Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на новинарско прашање за условите за лекување во болницата во Кочани рече декас владата со поддршка од Европската комисија размислува за проект за помош за реконструкција на витални објекти во градот под можно име „Кочани 2030“.
„Во разговори со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, разговаравме за можноста да имаме заедничка акција, да направиме јасен план за Кочани, да се вика можеби „Кочани 2030“ со голема сума на пари за кочанската болница, спортски сали, училишта, паркови, инфраструктура, патна мрежа итн“, рече Мицкоски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
„Го викнаа да прими терапија. Ни рекоа дека се стигнати лековите, но додека пристигнавме на Клиниката за онкологија, еден од лековите веќе го немаше, најверојатно беше потрошен, бидејќи не се знае колкав број на пациенти мора да го примаат. Му дадоа замена. Веднаш по примањето почна да повраќа, со ненормални мачнини, мораше да интервенира Итната медицинска помош. Преживеа пекол.“
На предлог на Министерството за економија и труд законски се уредува начинот на ставање во употреба и користење на техничка опрема како што се лифтовите, жичари, дигалки и транспортери.
Ланските застрашувачки пожари кои едвај со меѓународна помош беа гасени и ја зафатија целата територија на државата, направиле проценета штета од 83,8 милиони евра. Ова е процената што „Национални шуми“ во објавениот годишен извештај на јавното претпријатие за 2024 ја проектира како загубен национален ресурс.
Од Македонија многу луѓе заминуваат на работа во странство, со или без искуство, но од агенциите кои посредуваат при вработување велат дека искусните работници добиваат за 20 или 30 отсто повисоки плати.
Источна Македонија има три рударски компании кои располагаат со пет рудници. „Саса“ е прва според приход и профит во апсолутни износи, „Бул Мак 2016“ од Пробиштип има најмногу вработени (804), радовишките рудници заедно имаат поголем приход од „Саса“, а најпрофитабилна рударска компанија е прилепскиот Мермерен комбинат. Нејзината добивка е 47 отсто од приходот лани
Преку Комисијата за заштита на конкуренцијата секогаш се дознаваат интересни бизнис информации, за зделки кои ќе се случат меѓу интересни бизнис играчи, а причината е што Комисијата мора да ги објави информациите за можна концентрација, за било кои компании кои имаат свои допирни точки со бизнисот во Македонија.