Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Скопје се одржа протест поради убиството на Росица од Велес

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Скопје се одржа протест поради убиството на Росица од Велес

СЕ ОДРЖА ПРОТЕСТ ПОРАДИ УБИСТВОТО НА РОСИЦА 

Протест имаше попладнево пред Министерството за внатрешни работи(МВР) поради убиството на 31- годишната Росица Коцева во Велес. Граѓаните кои излегоа на протестот велат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија.

Присутните бараат институционална одговорност и санкции, оставки, дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа.  Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот луѓето скандираа „Ниту една повеќе“.

ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање.

ЛИДИЈА ДИМОВА Е ОСУДЕНА НА ДВЕ ГОДИНИ КАЗНА ЗАТВОР

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. 

Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција. 

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.   

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Следната учебна година повторно ќе се врати средното полициско училиште, па сите млади кои сакаат да работат во служба на народот ќе мора да се запишат и да го завршат ова средно училиште. Ова се пропишува со новиот Закон за средно полициско училиште кој веќе е во Собрание.

Македонците како и сите останати откако ќе заминат во странство сакаат брзо да се адаптираат во средината, но истражувањата покажуваат дека во некои земји наоѓањето на пријатели оди лесно, во други држави тоа е тешко, затоа што луѓето се резервирани.

Турската групација „Јилдирим“  постави тројца директори од Албанија со кои како нов сопственик на Еуроникел Индустри (поранешно Фени) ќе управува со некогаш најголемит производител на фероникел во поранешна Југославија.

Слично

Поврзани вести