ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во селото Перово изгореа овоштарници, а кај Нивичани во ризик се викендички

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во селото Перово изгореа овоштарници, а кај Нивичани во ризик се викендички

ИЗГОРЕА ОВОШТАРНИЦИ ВО ПЕРОВО

Во пожарот кај селото Перово се изгорени повеќе овоштарници, кои претставуваа егзистенција за мештаните, а директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов рече доколку околу нив бил изоран појас, овоштарниците ќе можеле да се спасат.

Ги повика граѓаните ако видат сомнително однесување, да пријават затоа што пожарот бил подметнат. Поради близината на Преспанското езеро, како што рече Ангелов, на авионот му се потребни само неколку минути да наполни вода и да ја фрли таму каде што е потребно. Еден ер трактор делува на терен, а треба да се вклучи и вториот. 

Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, на петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Огнот е закана за неколку викенд-куќи во близината на селото.

ДЕВОЈЧЕ ПОТОНАЛО ВО ВАРДАР

На бројот за итни повици денеска во 16.42 часот е примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.

Пријавило лице кое било присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалникот на Крива Паланка,Сашко Митовски, доби кривична пријава од МВР за злоупотреба на службена положба и овластување, на неколку месеци пред локалните избори, наводно поради тоа што му овозможил на физичко лице со изминат рок на одобрение да догради куќа со деловен рпостор.

Третопријавениот Митовски, како градоначалник на општина Крива Паланка, се вели во соопштението, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.

УСЛОВНА ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДЕПОНИЈАТА ВО ВИЗБЕГОВО

Судот им изрече условна казна на напаѓачите на екипата на Алсат телевизија. Александар Николчев и Маја Караманова, кои претходно се изјаснија за виновни, ги прифатија обвиненијата во целост, се согласија со сите правни проценки и квалификации дадени од обвинителството за нивните постапки на 9 јули.

Сопствениците на депонијата во Визбегово на денот кога истата гореше и токсично го загади градот Скопје тие ја нападнаа телевизиската екипа на Алсат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Наскоро ќе се формира нова Агенција за иновации, во која, според новиот предлог закон доставен пред пратениците, ќе бидат вклучени две постоечки институции. Според предлог законот за иновациска дејност, на предлог на повеќе пратеници од владејчката гарнитура, со новиот закон треба да се прошири регулирањето на научно-технолошкиот развој и претприемништвото.

Компјутерџиите остануваат на пиедесталот во Македонија ако се гледаат нивните примања. Извесен период нивните плати отскокнуваат од просекот, но и од останатите повисоките плати во земјава, а далеку многу повеќе од минималната плата.

Стапката на неписменост во Македонија изнесува 1.24 отсто, односно според последниот попис на населението, околу 19.000 луѓе се неписмени. Тоа е колку население на еден од помалите градови.

Бензинските пумпи „Макоил“ на Мите Јовановски почнаа со ребрендирање во „Окта“. За многу скоро, би требало овие бензински пумпи целосно да го добијат новиот изглед, задржувајќи ги правилата на „Макоил“.


ad
Слично

Поврзани вести