ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во пунктот за лични документи без закажување дневно ќе поминуваат илјада граѓани
ПУНКТОВИ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СКОПЈАНИ
На ниво на државата досега се заменети 1.050.000 патни исправи, 900.00 лични карти и 480.000 возачки дозволи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на Министерството за внатрешни работи го посети пунктот во Полициската станица „Пролет" каде граѓаните можат да направат промена на личните документи, без претходно закажување.
ИМАЛО ЗАКАНИ ЗА СТАНОВИТЕ НА МИЈАЛКОВ КОИ СЕ НА АУКЦИЈА
Првиот човек на Агенцијата за конфискуван имот, Дритон Небиу, вели дека вработените трпат закани, поради конфискуваниот имот кој е ставен на аукција.
На аукција се становите на екс директорот на Управата за безбедност и котраразузнавање, Сашо Мијалков. Дел од неговиот имот е сопственост на државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“.
Директорот вели дека не може да каже кој конкретно се заканувал. За случајот ја известиле полицијата.СУДИЈКАТА ОЉА РИСТОВА ВЕЛИ ДЕКА СУДСКИОТ СОВЕТ ТРЕБА ДА СЕ РЕФОРМИРА
Судијката Оља Ристова денеска преку свој фејсбук статус жестоко реагира на изборот кој е направен за нови судии во Апелациониот суд.
Таа вели дека била прворангирана од Основниот кривичен суд и овој избор го чекала две и пол години, но не е избрана. Нагласува дека изборот е скандалозен и дека Судскиот совет мора под итно да се распушти и да се реформира.
„Го чекав денешниот избор на судии во Апелационен суд Скопје, две и пол години, како прво рангирана од Основниот кривичен суд Скопје.НАПУКНА СТОЛБ НА МОСТОТ НА ЦРНА РЕКА
Бетонски столб на мост на Црна река, по кој сообраќаат возовите во земјава е напукнат, поради што има прекин во железничкиот транспорт.
Како што информираат од Македонски железници, напукнатиот бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, меѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, е причина за целосен прекин на железнички сообраќај на овој патен правец од 15:25 часот вчера. Прекинат е и патничкиот и товарениот превоз.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
