Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во пожарот во Тетово настрадаа 14 луѓе, прогласена е тридневна жалост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во пожарот во Тетово настрадаа 14 луѓе, прогласена е тридневна жалост

14 ЖРТВИ И ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната вонредна седница донела одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.  

„За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена“, соопштија од Владата.

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, соопштија од обвинителството. 

„Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. 

ФИЛИПЧЕ НЕМА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Министерот за здравство, Венко Филипче засега не дава оставка. 

Тој изјави дека не бега од ништо, но дека ќе чека да заврши истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, а потоа ќе одлучи дали ќе даде оставка или не. Вели дека поради ковид кризата е потребно менаџирање и затоа не дава оставка. Кажа дека ќе ги почека официјалните податоци од истрагата. 

За тоа како избил пожарот, Филипче рече дека имало повеќе шпекулации, но не наведе можна причина. 

„Јас апсолутно мислам дека се безбедни“, рече тој за болниците. 

Министерот кажа дека болницата е предадена без никакви недостатоци. 

ДЕНЕС ИМА 31 ПОЧИНАТ ОД КОРОНА, МЕЃУ НИВ И 18 ГОДИШНО ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:  Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.

Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).

ПОПИСОТ ВО ПРЕКИН

Пописот е во прекин и денеска, а попишувачите не земаат податоци од терен. Така беше и вчера кога се славеше Денот на независноста. Фактор се обиде да добие информација од првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, но тој не одговара на повиците. Официјален став требало да соопшти Владата и тоа соопштение се најавува набрзо.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На светските берзи цената на кафето расте, а сето тоа ќе се прелее и кај нас и за да уживаме во кафето ќе треба да платиме поскапо.

Иако до крајот на годинава има уште четири месеци, Синдикатот ги потсети газдите дека треба да исплатат регрес за годишен одмор за своите вработени. Оваа обврска од годинава ќе важи, покрај за работниците во приватниот, и за оние од јавниот сектор.

Медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“ целосно подготвен чекаше да прими пациенти од Тетово по големата трагедија во која целосно изгоре модуларната болница, но оттаму не пристигна ниту еден.

Пациентка хоспитализирана во ГОБ „8 Септември“ по тешка борба со болеста, компликации настанати по заразување со корона вирусот, пред три дена е успешно екстубирана од респираторен апарат.

Долгогодишниот експерт по судска медицина, професорот Алексеј Дума, кој повеќе години беше прв човек на Институтот по судска медицина, во разговор за Фактор вели дека обдукцијата на телата на починатите во големиот пожар што ја зафати модуларната болница во Тетово е исклучително тешка и комплицирана постапка, но уверен е како што вели дека неговите помлади колеги ќе достават најпрецизни и точни резултати.

Слично

Поврзани вести