Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во ОН не помина американската резолуција за Украина коспонзорирана од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во ОН не помина американската резолуција за Украина коспонзорирана од Македонија

АМЕРИКАНСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА УКРАИНА НЕ ПОМИНА ВО ОН

Во ОН не помина резолуцијата за Украина на САД во коспонзорство на Македонија.

Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од неколку земји членки на ЕУ, каде се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. За европската резолуција, САД гласаа „против“. САД и Македонија гласаа воздржано за нивната Резолуција откако беа прифатени неколку амандмани на документот поднесени од неколку европски држави.

На резолуцијата поднесена од САД и коспонзорството на Македонија беа поднесени неколку амандмани, а дел од нив беа поддржани. Откако амандманите беа прифатени, Македонија и други земји како на пример Бразил, Кина, Аргентина… беа водржани, а против гласаа САД, Русија, Унгарија, Белорусија, Израел. 

МНР СЕ ОБЈАСНИ ЗА СТАВОТ ЗА УКРАИНА

Од македонското Министерство за надворешни работи(МНР) соопштија дека спонзорирањето на резолуцијата на САД ја реафирмира поддршката за Украина. 

Додаваат дека одлуките за спонзорирање и гласање за резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) немаат и не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции – напротив – со нив С.Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација, изразувајќи силна солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ОД КОНТАКТИТЕ СО ТРАМП МОЖЕМЕ САМО ДА ДОБИЕМЕ

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски верува дека Македонија само може да добие од добрите односи со САД и со новиот американски претседател Доналд Трамп. 

„Ние сме меѓу првите кои што го поддржаа тоа ново нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот кој што следи. Сметам дека со контактите коишто ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме. Билатералниот спор кој што го имаме со нашиот источен сосед е спор кој што генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век и ценам дека треба час поскоро ние да ги отпочнеме и формално преговорите со ЕУ кои што се дел од овој билатерален спор. А за сите атрибути кои се дел од овој билатерален спор кои одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет тука сметат дека не треба да се коментира, бидејќи за идентитетски прашања секој мој коментар би бил одвишок бидејќи се знае мојот став за тоа прашање“, изјави Мицкоски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Над половина милион евра биле платени за акции на градежната компанија „Гранит“ во четвртокот минатата недела.

Кој е интересот на човекот што заработи 20 милиони евра од продажбата на акции во „Македонијатурист“ да купува акции во „Скопски пазар“?

За оваа година ќе се потрошат 6 милиони евра за новиот проект „Градски воз“, за кој допрва треба да се утврди дали ќе биде исплатлив и дали ќе има интерес. 

Задолженоста на македонските граѓани и компании надмина 8 милијарди евра, покажаа најновите податоци на Народната банка на Македонија.

Слично

Поврзани вести