Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невремето има 33 повредени луѓе

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невремето има 33 повредени луѓе

ВО НЕВРЕМЕТО ПОВРЕДЕНИ СЕ 33 ЛУЃЕ

Вкупно 33-ца луѓе вчера завршија во болница по скопското невреме.

Неколкумина со тешки повреди, биле примени во болниците, информираше Министерството за здравство.

Во „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22-ца повредени, од кои двајца се задржани на болничко лекување. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени 11 луѓе, од кои тројца имале скршеници.

МИЦКОСКИ ВЕТИ РЕФУНДИРАЊЕ ЗА ШТЕТИТЕ

Владата ќе ги надомести штетите по силното невреме кое вчера ја зафати Македонија. 

Како што вети премиерот, Христијан Мицкоски, Владата има механизми за помош и никогаш нема да ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат во вакви елементарни непогоди. 

„Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ноќта, веднаш по невремето што го зафати Скопје, беа на терен и заедно со надлежните институции ги санираа штетите. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и рефундирани“, изјави Мицкоски.

ГОСТИВАРЧАНИ ПРВО ЌЕ ДОБИЈАТ ТЕХНИЧКА, А ПОТОА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата посочи дека најпрво се тежнее кон обезбедување техничка вода за жителите, за потоа да се обезбеди и вода за пиење до домовите во Гостивар. 

- Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. 

Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше општината, од страна на државните институции да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и да обезбедиме вода за пиење. 

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАЈ БИЛА НАД 49.000 ДЕНАРИ

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари. Дел од работниците можат да се пофалат со зголемување на приходите. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2026 година изнесува 49.544 денари, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика(ДЗС). Во споредба со истиот месец лани, просечната нето-плата е зголемена за 8,2 отсто, додека во однос на април 2026 година е повисока за 1,6 отсто. Најголем придонес во годишниот раст на платите има зголемувањето на просечната исплатена нето-плата во неколку сектори.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Велешкиот производител на конци и предива, Ветекс АД Велес, единствена компанија од таков карактер во Македонија, продолжува да ниже успеси во своето работење. Иако, првите шест месеци за велешки „Ветекс“ не се исто успешни како и минатата година, сепак, првото полугодие го завршуваат со профит.

Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат и кандидат за градоначалник на Кисела Вода на последните локални избори, Горан Трајковски, започнува уште еден бизнис со основање на градежна фирма.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести