Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невреме во Делчево се поплавени најмалку 60 објекти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во невреме во Делчево се поплавени најмалку 60 објекти

ПОПЛАВИ ВО ДЕЛЧЕВО

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево го зафати големо невреме (врнежи од дожд и град), при што има поплавено повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата Индустриска.

„На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти“, соопштија од ЦУК. 

Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија. 

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ТОА ДЕКА КОСОВСКИ И АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ КАКО И МАКЕДОНСКИТЕ

МЗ по бројните негативни рекации од јавноста, излезе со појаснување за МИА, во кое тврди дека ќе бидат исти цените за косовските и албанските државјани како за македонските, но за приватно лекување во јавното здравство.

Од таму велат дека станува збор за корекција на ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти до кој е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани.

Докторот Александар Митов се јави со реакција на социјалните мрежи, по објавата на министерот за здравство Фатмир Меџити дека граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и граѓаните на Македонија.

ЈОВЕВ ЈА ОДБИЛ ПОНУДАТА НА МЕЏИТИ ДА МУ БИДЕ СОВЕТНИК

Разрешениот директор на Државна кардиохирургија, Сашо Јовев, во најавата за утрешната емисија „Трилинг“ рече дека ја одбил понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити да му биде советник во кабинетот.

- Не сум јас за таму, јас им припаѓам на моите пациенти и мојот тим. Што значи - да, ја одбивам понудата, рече професорот во емисијата.

Јовев за утрешното издание на Трилинг вели дека засега останува на клиниката за кардиохирургија и не прифаќа да биде национален советник за Кардиохирургија. Тој очекува да види кој ќе биде негов наследник ако во меѓувреме министерот не ја преиспита својата одлука, но не исклучува и да замине од јавното здравство.

МОСТОТ БЕЛАСИЦА ГО ЗАПАЛИЛЕ ХУЛИГАНИ

Мостот Беласица во Скопје намерно е запален од хулигани, рече градоначалничката Данела Арсовска во вестите на „Сител“ денеска по првичниот увид испратен до Град Скопје од МВР.

Според информацијата и доказите прибрани од МВР, станува збор за намерно потпалување, а Арсовска побара институциите поревносно да постапат во пронаоѓањето на сторителите и истите да бидат санкционирани

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата минатата година наплатила 16,3 милиони евра еднократно од двата најголеми мобилни оператори, по доделувањето на лиценците за 5Г-мрежата, пишува во годишниот извештај за 2022 на Агенцијата за електронски комуникации. Од секој од нив бил наплатен точно по половина - 8,15 милиони евра, пари кои потоа завршиле во владиниот буџет, по што немаше отчет за што ќе бидат потрошени.

Дури 1,41 милиони евра се свртеле на Берзата само со акциите на Комерцијална банка во текот на еден месец, односно во мај годинава.

фото ЦУК

Слично

Поврзани вести