Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија стигнале пријави за врсничко насилство, а српскиот министер за образование поднесе остaвка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија стигнале пријави за врсничко насилство, а српскиот министер за образование поднесе остaвка

СТИГНАЛЕ ПРИЈАВИ ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Има поплаки за врсничко насилство во Македонија. Веќе пристигнале првите поплаки за врсничко насилство на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). 

Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

„Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, велат од МОН.

Мејловите се prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. 

Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците. 

ГЕРБ ЌЕ СЕ ЖАЛИ ЗАТОА ШТО КОВАЧЕВ И ДРУГИ БУГАРИ ИМААТ ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЕРБ ќе алармира во Eвропската Унија (ЕУ) за забраната за влез во земјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Mакедонската гранична полиција вчера не дозволи влез во земјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и четворица други бугарски државјани. Од ГЕРБ објаснуваат дека тие и нивниот претседател Бојко Борисов направиле насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија. 

СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Министерот за образование на Србија Бранко Ружиќ денеска поднесе неотповиклива оставка до српската премиерка Ана Брнабиќ, соопштија за Танјуг од Министерството за образование. Тој утринава положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Ружиќ уште еднаш „со неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“. 

„Драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на настраданите деца, ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот“, вели Ружиќ во писмото до премиерката.

Слично

Поврзани вести