ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Куманово нов систем за промена на документите, за Скопје се бараат решенија
ВО КУМАНОВО Е ВОВЕДЕН НОВ СИСТЕМ ЗА ПРОМЕНА НА ДОКУМЕНТИТЕ
Процесот „прв дојден, прв услужен“ беше хаотичен, особено кога имате 2,1 милиони лични документи кои што треба да се издадат. Она што сега се обидуваме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамки на систем, да го регулираме процесот и да сториме се што е можно за обезбедување на документите. Ова го кажа техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски при посета на службите за управни работи во Куманово, каде во функција е ставен нов систем.
Тој, на прашање на новинарите се осврна на ситуацијата со фотографирањето и подигањето на личните документи на граѓаните, особено за состојбата во ПС „Пролет“ во Скопје, за каде Тошковски потенцираше дека има многу поголеми гужви, отколку во Куманово, и токму затоа појасни дека Куманово е одбран за имплементација на системот кој го обезбедило Министерството за администрација.АРМ ЌЕ КУПИ НОВИ ХЕЛИКОПТЕРИ
Осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“ ќе бидат набавени за потребите на Армијата на Македонија. Вредноста на леталата ќе изнесува 230 милиони евра, а ќе се плаќа сукцесивно на четири рати. Првата ќе биде исплатена оваа година и е во износ од 16 проценти од вкупната вредност на набавката.
СОСТОЈБАТА СО ГОЛЕМА КАШЛИЦА НЕ Е ДОБРА
Епидемиолошката состојба со пертусис, заразното заболување кај народот познато како голема кашлица не е стабилна. Според претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски ова е резултат на долгогодишното неодговорно однесување на родителите кои не ги вакцинираат нивните деца. Петличковски посочи дека мора да се почитува календарот на имунизација.
„Состојбата не е добра и не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле поради долги години наназад неодговорно однесување на граѓаните. Поразителен податок за државата е податокот за 50 отсто невакцинирани деца. Имаме научна поткрепа дека дека имунизацијата со трите дози помага. Ние сме пред прагот на нов пожар со морбили. Можно е следните недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки, зависно од комисијата“, рече Петличковски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
