ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во изводите нема да има етнички графи, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија
ВО ИЗВОДИТЕ НЕМА ДА ИМА ЕТНИЧКИ ГРАФИ
Уставен суд го укина Упатството за водење на матичните книги, затоа што графата за националност не е во согласност со Уставот.
Оваа графа веќе нема да стои во изводите за родени. Уставниот суд со мнозинство гласови го поништи Упатството за водење матични книги потпишано од министерот за правда, Кренар Лога во мај годинава. Судот ценел дека одлуката е спротивна на Уставот, бидејќи не е испочитуван законски утврдениот рок за објавување во Службен весник.ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО БЛОКИРА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави блокада на Законот за амнестија, а премиерот Димитар Ковачевски не е изненаден.
НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО БАРА НАЈСТРОГА КАЗНА ЗА УБИЕЦОТ ОД КОЧАНИ
Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
ТРАЈКОВСКИ ГО КРИТИКУВА ГРУЕВСКИ
Александар Трајковски, десната рака на Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот фејсбук профил, го запраша Груевски, дали може да го погледне во очи и да негира дека од него барал средби за измени на Кривичниот законик.
„Го гледам вклучувањето на мојот пријател, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Инфомакс. Многу жалам што она што го напишав во отвореното писмо пред некој ден ми се потврди, дури сега сум повеќе загрижен и од тогаш.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Тоа ќе биде една навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.
