Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

ВО ГОСТИВАР ИМА ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА ЖОЛТИЦА

Во Гостивар може да се појави жолтица во следниот период како задоцнета последица од загадувањето на водата. За оваа опасност предупредија од Комисијата за заразни болести. Засега нема потврдени случаи на хепатит А или хепатит Е, но здравствениот систем е ставен во готовност поради можноста симптомите да се појават по неколку недели.

Бројот на нови прегледи се намалува, но претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, предупреди дека по цревните инфекции може да следуваат и други заболувања.

Хепатит А и хепатит Е се вирусни воспаленија на црниот дроб. Хепатит А најчесто се пренесува преку храна или вода загадена со фекалии, а просечниот период до појава на симптоми е околу еден месец. Кај хепатит Е симптомите може да се појават од две до десет недели по заразувањето.

НЕПОЗНАТА МАТЕРИЈА ОД ЛЕПЕНЕЦ СЕ ВЛЕВАШЕ ВО ВАРДАР

Отровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ, откако бела пена се слеа од Лепенец во Вардар.

По загадувањето на водата во повеќе градови, денешното влевање на бела пена од Лепенец во Вардар е показател за системски колапс на институциите под команда на премиерот Христијан Мицкоски, обвинуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека пената, која личи како да е синтетичка, е видлив доказ за загадувањето.

На терен се инспекциските служби на Град Скопје и на ресорното министерство, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. По сторителот се трага и со дрон, а екипи на скопски „Водовод“ земаат примероци за да утврдат за каква материја се работи. 

И ВОДАТА ВО ПЛАСНИЦА ДА НЕ СЕ ПИЕ

Неисправна е водата во Пласница. 

Жителите на Општина Пласница во наредниот период не треба да ја користат водата од јавната водоводна мрежа за пиење, подготовка на храна и други намени поврзани со исхраната, откако лабораториските анализи покажале дека таа е бактериолошки неисправна.

Надлежните институции соопштија дека водата во моментов не е здравствено безбедна за консумирање и апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките сè додека не се потврди дека квалитетот на водата е повторно во согласност со здравствените стандарди.

Во меѓувреме, надлежните служби спроведуваат активности за утврдување на причините за бактериолошкото загадување на водоводната мрежа. По отстранувањето на причините ќе бидат извршени нови лабораториски анализи, по што јавноста ќе биде навремено информирана дали водата повторно е безбедна за употреба.

Од институциите ги повикуваат жителите редовно да ги следат официјалните известувања и да постапуваат согласно препораките, со цел да се заштити јавното здравје.

Водата во Крушево не е за пиење, затоа што бактериолошки не е исправна. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Имате бизнис идеја, работите со ChatGPT или друг ВИ сервис, развивате апликација и сметате дека програмирањето не било никогаш полесно, додека самиот сервис во прави лого, брендирање и комуникациски план. 

Бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Од почетокот на годинава секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените.

Млекара АД Битола во ревидираниот финансиски извештај доставен до Македонска берза објави дека од оваа година е во целосна сопственост на ИМЛЕК АД Србија, со што практично е откриен и купувачот на преостанатите 24 отсто акции кои беа продадени во јануари годинава.

Слично

Поврзани вести