ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во четврток во Лондон ќе биде потпишан Договорот за стратешко партнерство со Британија
ВО ЧЕТВРТОК МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ДОГОВОРОТ
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, ќе биде потпишан во Лондон.
Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.ДОНЕСЕН Е ЗАКОН КОЈ ОВОЗМОЖУВА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАБОТАТ
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски соопшти на социјалните мрежи дека е изгласан законот за работно ангажирање на лица.
Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде:
- лице кое не е во работен однос;
- вработено лице;
- самовработено лице;
-лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;
- студенти;
- корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и
- странец кој има регулиран престој согласно закон.МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗАЕМОТ
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договорена рамка од 6 милијарди евра од кои земјата ќе влече средства согласно реализацијата на проектите, а каматата по која ќе се одобрат, а се уште е во фаза на преговарање, ќе биде на ниво како и кај договорите што ги имаме со другите меѓународни институции. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју на Радио Лидер.
„Кога се договараат одредени инвестиции, најпрвин треба да се утврди рамка, односно првиот момент е рамката којашто во случајов е 6 милијарди евра, што не значи дека целосно ќе биде искористена сега и веднаш. Треба нешто да се направи за да се повлечат средствата, односно задолжувањето почнува во оној момент кога ќе почне да се плаќа.“, рече минитерката за финансии и додаде дека неоправдано е да се повлечат средства и да стојат неискористени.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
