Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Џафери, Левица ќе даде поддршка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Џафери, Левица ќе даде поддршка

ОПОЗИЦИЈАТА СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ

Пратеничката група на ВМРо-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вчера нареди да се заклучи пленарната сала заради пребројување.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРо-ДПМНе, пред медиумите го повика и СДСМ заедно да изгласаат разрешување на спикерот.

- Правото на движење и мисла на пратениците не може и не смее да да се ограничи. Салата се заклучува единствено, според член 97, кога се гласа за поименично изјаснување. Вратите се затвораат и не се дозволува излегување се додека трае поединечното изјаснување на барање на некој пратеник, рече Мицевски.

Претходно од Левица исто така соопштија дека Џафери направил кривично дело и дека ќе поддржат интерпелација.

БРИТАНЦИТЕ КОИ НАПРАВИЈА СЕРИЈА ИНЦИДЕНТИ НЕМА ДА ОДГОВАРААТ

Британските војници, чиј контигент е дел од последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, по серијата инциденти кои ги предизвикаа во земјата, според одговорот од Министерството за одбрана, нема да одговараат кривично во нашата земја.

Министерството за одбрана вели дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.

КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ГО ПРЕЧЕКОРИЛ ПРОТОКОЛОТ СО ТОА ШТО ЈА НОСЕЛ И ЌЕРКА МУ КАЈ ПАПАТА

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека поведувањето на ќерката Тамара Ковачевска на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.

„Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа. Не е надвор од протокол да присуствува член на семејство. Историјата познава такви многу случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Здравствените власти во Македонија објавија дека постои загриженост поради ширењето на мајмунските сипаници низ европоските земји и дека го подготвуваат здравствениот систем. Веќе се во преговори за набавка на антивирусниот лек „тековирамат“ како и набавка на вакцини против сипаници, а најавија и дека ќе обезбедат посебни дијагностички китови, односно тестови за мајмунските сипаници..

Vivo официјално влегува на македонскиот пазар со квалитетни смартфони со напредна технологија и голем избор на модели за секој корисник. Станува збор за бренд кој трпеливо го гради своето портфолио и целосно се потпира на сопствено истражување и развој, како и производство што гарантира исполнување на највисоките стандарди.

Анкетните листови на политичарите секогаш предизвикуваат внимание кај јавноста. Граѓаните сакаат да знаат колку се богати, и што е уште поважно, на кој начин се збогатиле избраните и именуваните функционери, и токму од тие причини, Државната комисија за спречување на корупцијата ги објавува нивните анкетни листови кога ќе стапат и кога ќе си заминат од функцијата, со цел да се види дали и колку се зголемило нивното богатство за време на нивниот мандат.

Ниту кризната година по многу основи не ја спречи поделбата на буџетската поддршка за политичките партии оваа година. На крајот на изминатата недела од Министерството за правда им биле исплатени 208 милиони денари, или 3,4 милиони евра.

Финансискиот резултат за 2021 година на македонската термоцентрала која троши мазут ТЕЦ Неготино може да се опише најсликовите преку синтагмата „враќање на отпишаните„! 

Се соочуваме со инфлација, а на светот му се заканува криза со храна поради војната во Украина, и затоа ги прашавме земјоделците дали доколку имаме парцела на село, се исплати да произведуваме храна за свои потреби со оглед на фактот дека и горивата и ѓубривата се скапи.

Слично

Поврзани вести